Час/Лекција 3: Дали е фер? (пост-истражување)

Living Democracy » Textbooks » Час/Лекција 3: Дали е фер? (пост-истражување)

Малцинства и мнозинства на училишното игралиште

 

Цели на учењето Учениците ги разгледуваат добиените податоци и ги анализираат и интерпретираат интервјуата. Доаѓаат до заклучок за малцинството и мнозинството во нивното училиште.
Задачи на учениците Откако ќе ги соберат податоците на квантитативен и квалитативен начин, учениците ги анализираат и интерпретираат резултатите. Работат со статистика и ги презентираат своите резултати пред своите соученици.
Ресурси Белешки од втората лекција/час, копии од статистиката, табела, пенкала во боја, постери, лепак.
Методи Група од четири ученици, презентации.

Опис на часот

Учениците седат заедно во своите групи и ги разгледуваат белешките од претходниот час.

Дискутираат како сакаат да ги презентираат резултатите од своето истражување. Наставникот им дава големо парче хартија од flipchart-от на секоја група (учениците го користат тоа за да направат постер).

Потоа групите работат на презентацијата на нивните резултати. Резултатите треба да бидат поделени на три големи делови на постерот:

  • Квантитативни резултати (статистички преглед);
  • Квалитативни резултати (резултати од интервјуата);
  • Интерпретација и можни решенија.

Можен изглед на постерот:

Истражувачки прашања:
1. Статистика

2. Што мислат учениците

Не е фер тоа што…

– Мислам дека ние треба да…

3. Што значи ова?

Повеќе простор за спортови?

– Фудбал и за девојки?

–        

 

Додека учениците работат на своите постери, наставникот треба да се движи низ училницата и да им помага на учениците со специфичните прашања и/или резултатите.

Откако сите групи ќе завршат со работа, секоја група ќе има пет минути да го презентира својот постер. Сите постери треба да бидат изложени во училиштето, по можност некаде каде што ќе можат и другите ученици да ги видат.

Варијација:

Решенијата и интерпретациите на учениците треба да бидат предмет на понатамошна дискусија во врска со истражувањето и можните последици кои можат да произлезат од тоа, не само за одделението туку и за целото училиште. Презентација пред училишниот совет или наставнички совет може да придонесе до промена на ситуацијата на малцинствата/мнозинствата во училиштето.