Лекција 2: Кои цели сакаме да ги промовираме?

Living Democracy » Textbooks » Лекција 2: Кои цели сакаме да ги промовираме?

Учениците создаваат политички партии

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Учество: Преговарање – баланс на доследноста до своите цели и признавањето на туѓите цели.
Крајна цел на учењето Политичките партии ја создаваат потребната моќ за да се промовираат политичките цели. Тоа се прави со спојување на индивидуалните интереси а оттаму и правење компромиси.
Задачи на учениците Учениците преговараат за заедничкиот распоред на политички приоритети.
Тие ги претставуваат членовите на партијата на јавен настан.
Материјали и извори Материјал за наставници 3Б.
Материјал за ученици 3.1-3.4.
Метод Работа во групи, пленарни презентации, предавање.
Временски буџет (Фази) 1. Учениците го одредуваат изгледот на нивните партии – 15 мин.
2. Јавен настан: партиите го презентираат нивниот изглед. – 10 мин.
3. Наставникот го претставува конструктивистичкиот концепт за заедничкото добро. – 5 мин.
4. Учениците дискутираат за преговарачките стратегии. – 10 мин.

Информационо поле

Поголемиот дел од часот е посветен на активностите на учениците и тие треба да ги завршат во ограничен период (види материјал за ученици 3.1).

Наставникот прави кратко предавање што дава нова перспектива за искуството на учениците. Наставникот се осврнува на доста работи кои се познати и ги претставува клучните концепти на оваа тема – разноликост, плурализам, општото добро.

Низ интеракцијата на конструктивистичкото учење, предавање и новата фаза на конструктивистичкото учење, овие концепти се значајни за учениците бидејќи им помагаат да ја разберат ситуацијата во која се.

Опис на лекцијата

Наставникот се осврнува на распоредот за лекцијата (материјал за ученици 3.1). Партиите ги заземаат позициите во „политичкиот пејзаж“ – буквално со седнување на местата и работење на нивниот имиџ. Јавниот настан помага за сите да ја одредат својата позиција – во соработка или конфронтација со други партии.

Фаза 1: Учениците го одредуваат изгледот и агендата на нивните партии

Чекор 1.1: Учениците ја одредуваат нивната позиција во „политичкиот пејзаж“

Учениците кои ги групирале политичките искази на предходниот час сега треба да одлучат каде е нивната позиција во политичкиот спектар. Тие ја означуваат позицијата со нивните клупи и столчиња. Таа може да е во некој агол, или каде било помеѓу. На овој начин просторот помеѓу партиите во доста буквална смисла покажува кои партии се поблиску или во опозиција. Колку се поблиски две партии, толку поголеми се шансите да направат коалиција за заеднички цели.

Учениците кои одбрале да не се дел од партија се собираат во средината на собата. Тие ги споделуваат нивните погледи. Ако сакаат наставникот може да им се придружи како модератор. Тој/таа не треба да ги убедува да се придружат во некоја партија, туку да ги слушне нивните прашања и приговори. Учениците одлучуваат дали и како да учествуваат, не наставникот.

Партиите треба да прифаќаат нови членови во секое време, како во реалноста. Учениците исто така имаат право да напуштат партија во секое време.

Чекор 2.2: Партиите го дефинираат нивниот изглед

Учениците го дефинираат изгледот на партиите според материјалот за ученици 3.2 и 3.3. Наставникот гледа и слуша, но не интервенира ако не побараат учениците, или ако има сериозни проблеми.

Фаза 2: Јавен настан – партиите го претставуваат нивниот изглед

Овој настан е за партиите, не за индивидуални ученици. Ова е заради ограничениот временски период. Партиите ги здружуваат индивидуалните ставови, со што би се намалила разноликоста и индивидуалните мислења.

Секоја партија има ист временски период – 2 до 3 минути, зависно од бројот на партиите. Наставникот го истакнува ограничениот временски период и строго го спроведува правилото од очигледни причини – да е фер за сите.

Како што  е претставено во материјалот за наставници 3.2, говорниците треба да се приближат до учениците кои уште не избрале. Второ, тие можеби ќе пробаат да се натпреваруваат со другите партии. Можат да се служат со постери и флаери.

Сите ученици, без разлика дали се во партија или не, одлучуваат дали да се приклучат или напуштат партија после настанот.

Фаза 3: Наставникот дава информации за размислување: општото добро

Оваа информација која е кратко предавање поткрепено од материјалот за ученици 3.4 го збогатува искуството на учениците со клучните концепти за разноликост и плурализам. Со поврзувањето на предавањето со контекстот на искуството и интеракцијата која ја создале учениците, се создава интеракција меѓу конструктивистичкото учење и систематската инструкција.

Материјалите за наставници 3Б го содржат предлог-планот за предавањето.

Учениците можат да бараат понатамошно појаснување ако е потребно. Во спротивно не е потребна дискусија, бидејќи учениците можат да размислуваат за овие информации во понатамошното работење.

Фаза 4: Партиите ги подготвуваат нивните преговарачки стратегии

Наставникот упатува на распоредот (мат. за ученици 3.1). На следниот час партиите имаат можност да преговараат едни со други. Дали можат да формираат алијанса, коалиција? Се прави „тркалезна маса“ за сите партии и индивидуални ученици да имаат можност да преговараат за нивната идеа за општото добро. Во последната фаза на овој час учениците можат да ги подготват стратегиите за преговори.

  • Кои цели ќе бидат приоритетни?
  • На која партија/и сакаат да пристапат во првата рунда на билатерални разговори?
  • Колку делегации ќе направи партијата?

Учениците ги продолжуваат интерните дискусии во нивните партии. Работат сами, освен ако не побараат помош од наставникот.