Час 2: Мои персонални симболи (грб I)

Living Democracy » Textbooks » Час 2: Мои персонални симболи (грб I)

Ова сум јас

Цели на учењето Учениците си ја зголемуваат самодовербата преку препознавање и вреднување на нивните позитивни страни.
Задачи на учениците Учениците создаваат свои лични симболи кои ќе бидат дел од грбот на целата група. Тие си поставуваат прашања самите на себе за својата самоперцепција и ги користат јаките страни идентификувани во лекција 1. Учениците формираат групи како предуслов за лекција 3.
Ресурси Табели од претходната лекција, копии од грбот (две на еден ученик), пенкала во боја, ножици.
Методи Индивидуална работа, формирање на групи.

Информација

Во Европската традиција, државен грб, или уште поточно наречен постигнување, воени симболи или најчесто само грб, е дизајн кој и припаѓа на одредена личност (или група од луѓе), кои го користат и се користи од нив за најразлични потреби. Историски, грбовите биле користени од витезите за да можат да се разликуваат од непријателските војници. Во Континентална Европа обичните луѓе можеле да присвојат грбови од градот во којшто живееле. За разлика од печатите и амблемите, грбовите имаат формална дескрипција која што е изразена преку шари. Во 21ви век грбовите сè уште се во употреба од страна на разни институции и поединци (на пример неколку универзитети имаат упатство како нивните грбови можат да се користат со цел да се заштити нивната употреба).

Уметноста за дизајнирање, опишување, изложување и нотирање на грбовите се нарекува хералдика. Употребата на грбовите од страна на земји, држави, провинции, градови и села се нарекува граѓанска хералдика.

Опис на часот

1.  Вториот час започнува со формирање на групи од по четири ученици. За формирање на групите се препорачува користење на активност – игра за формирање на групи како што е делење на картички во четири бои или слики во сетови од четири итн. Учениците треба да си ги најдат своите партнери и да ја формираат групата.

2. Следно, учениците седат заедно во групи. Секој ученик добива копија од грбот. Една копија од грбот се поставува на средина од масата. Грбот е поделен на четири дела и секој ученик треба да одбере по еден дел. Учениците треба да ги напишат своите имиња со молив на копијата која се наоѓа на средина на масата. На своите копии учениците треба да го исечат нивниот личен дел од грбот.

3. Потоа наставникот треба да им рече на учениците да размислат за личните симболи кои би ги користеле за да се претстават себеси. Мотото на оваа задача треба да биде “ова сум јас”. Поентата на оваа задача треба да биде “ова е тоа што јас го придонесувам во групата”. За тоа наставникот треба да им каже на учениците да ги извадат табелите кои ги направија на првиот час. Тие би можеле да добијат некои идеи од “сакам да правам и правам” и “не правам, но би сакал да правам”. Потоа, треба да најдат симболи кои ќе ги претставуваат нивните јаки страни и кои ќе ги нацртаат во својот дел. Следните прашања би можеле да им помогнат:

  • Како се гледаш себеси?
  • Што ти треба?
  • Што си способен да правиш?
  • За што ти е жал кога размислуваш за својот живот?