Материјал за ученици 2.2: Алатка за анализа и решавање на дилеми

Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Прирачник за ученици » Материјал за ученици 2.2: Алатка за анализа и решавање на дилеми

Ова се алатки, а не список. Сите прашања не одговараат на секој случај, така што треба да одберете кои прашања највеќе одговараат. Размислувањето внимателно на неколку прашања е покорисно од пополнување на целата листа.

1. Соберете информации.

  • Кој е вклучен?
  • Што тие сакаат? (Кои се ницните права, потреби, цели или интереси?)
  • Какви улоги играат луѓето?
  • Што е проблемот/дилемата?
  • Каква врска има овој случај со мене?
  • Што вели законот? (Дали морам да почитувам некои правни обврски или правила?)
  • Што не знаеме – што не разбираме?
  • Колку голем би бил трудот да се најде информацијата која недостасува?
  • …

2. Мислете на последиците.

  • Кои се алтернативните избори?
  • Каков ефект ќе има секој од овие избори, и за кого? (Други луѓе кои се директно поврзани, други луѓе кои живеат денес или во иднината, тука или на друго место.)
  • …

3. Одредете ги вашите приоритети.

Кои критериуми ги сметам за најважни во мојата одлука, на пример:

  • До кој степен ги разбирам последиците од мојата одлука?
  • Кои морални или религиозни принципи ми се битни?
  • Што е легално – што е нелегално?
  • Што можам да очекувам да прифатат другите – и обратно? (Дали јас би ја прифатил оваа одлука ако бев на другата страна?)
  • Што функционира најдобро? (Решавање на проблемот, финансиски аспекти.)
  • Кои се саканите или несаканите долгорочни ефекти?
  • Дали мојата одлука е неповратна, или можам да ја исправам подоцна?
  • …

4. Направете ја својата одлука.

  • Дали морам да одберам една цел а да ја прекршам другата?
  • Дали има шанси за наоѓање компромис?
  • Со моменталните услови, што ми вели интуицијата? Со која одлука највеќе се идентификувам?
  • …