Вежба 4.5. – Сите имаме предрасуди

Living Democracy » Textbooks » Вежба 4.5. – Сите имаме предрасуди
Образовни цели Во оваа вежба, учениците ги испитуваат стереотипите и предрасудите за другите луѓе и малцинствата. Тие ги откриваат перцепциите за различните малцинства.
Учениците стануваат свесни за нивните граници на толеранција и нивниот конфронтационен вредносен систем.
Учениците се обучуваат да ги развијат вештините на активно слушање при барањето на договор.
Ресурси Една копија од листот за активност (сценариото) за секој ученик.

Процедура

  1. Секој ученик добива копија од сценариото и ја чита во тишина.
  2. Секоја личност одбира три луѓе со кои би сакал/а да патува и уште три со кои не би сакала да патува.
  3. Учениците прават групи од четири ученика.
    • Тие ги споредуваат нивните индивидуални избори и причините за тие избори.
    • Тие се обидуваат да се согласат за листа со три личности со кои би/не би патувале.
    • Тие избираат говорник за нивната група.
  4. Секоја група ја презентира листата на сакани и несакани придружници на целиот клас, заедно со причините за нивните избори.
  5. Наставникот ги мотивира за слободна дискусија за искуствата, на пример:
    • Кои беа одлучувачките фактори?
    • Ако групата не се согласила за листата на личности, зошто не?
    • Кои стереотипи ги прикажува листата на патници?
    • Од каде доаѓаат овие претстави?
    • Како би се чувствувале вие ако никој не сака да се вози со вас?

Продолжение

Листата може да се адаптира во зависност од староста на учениците и социјалното потекло, но треба да вклучува луѓе кои претставуваат малцинства кои јасно се препознаваат на прв поглед и други кои не.

Исто така, малцинствата и дискриминацијата можат да се изучуваат преку литературата или историјата.

Материјали

Сценариото

Само што почнавте долго патување со воз кое ќе трае неколку дена. Го делите купето со тројца други луѓе.

Со кои од следните патници би сакале да го делите купето?

Со кои од патниците не би сакале да го делите купето?

  • дебел швајцарски банкар
  • италијански ди-џеј кој се дрогира
  • Африканец кој продава егзотични артикли
  • циганин кој штотуку излегол од затвор
  • германска рок пејачка, феминистка
  • хомосексуален странски студент
  • млада романска жена со мало дете
  • англиски скинхед кој е пијан
  • проститутка со ХИВ
  • многу сиромашен бегалец
  • вооружен странски војник
  • млада жена која зборува само француски.