Метод 14: Режирање на театарска претстава

Living Democracy » Textbooks » Метод 14: Режирање на театарска претстава

Приказните од животот може добро да се претстават или раскажат со актерски средства. Но ти исто така можеш да прикажеш сцени со слика, музичко дело или еден предмет. Кога играш театар ти прифаќаш една улога. Обиди се да ги претставиш чувствата на лицето кое го играш што е можно поавтентично и убедливо. После претставата гледачите ќе можат да кажат кои делови делуваа „вистинито“, а кои не.

Следните упатства и прашања ќе ти помогнат во подготвувањето на различни форми на театарски претстави.

Импровизирани театарски претстави

  • Запишете неколку клучни зборови за претставата.
  • Одлучете кој која улога ќе ја игра и кои се најважните аспекти или искази на секоја улога.
  • Забележете со соучениците клучни зборови за најважните делови и искази од театарската претстава.
  • Направете проба на претставата.
  • Подгответе ја бината.
  • Уживајте во претставата и вашиот настап!

После претставата разговарајте со публиката за следните точки:

  • Што можевте вие (гледачите) да видите?
  • Дали сите сѐ разбраа?
  • Што беше посебно добро?
  • Според вашето мислење дали нешто недостигаше?
  • Дали нешто беше претерано?
  • Кои прашања ги имате за содржината?

Театарски претстави врз основа на оригинални текстови

Прочитај ја приказната заедно со другите и потоа организирај одделни сцени. Размислете за следново:

  • Кој беше или е учесник во сцената или приказната која сакате да ја одиграте?
  • Каде се одигрува приказната?
  • Колку чина треба да има претставата?
  • Кој која улога ја игра? Кои костими се потребни?
  • Како завршува приказната?
  • Направете проба на претставата.
  • Како учесниците се однесуваа во ситуацијата? Што тие кажаа?
  • Како реагираа другите?
  • Оценете го вашиот настап со соучениците.

Театарски претстави врз основа на слики

  • Побарај слика која може да послужи како основа за театарска претстава или мала сцена (можеби и без зборови).
  • Замислете си дека сте дел од сликата.
  • Соберете идеи: Како живеат/живееле луѓето на сликата? Со што се задоволни? Со што не се?
  • Создадете театарска претстава со помош на оваа слика и напишете клучни зборови за секоја сцена.
  • Размислете колку чина треба да има претставата.
  • Одлучете кој која улога ќе ја игра и кои се најважните аспекти на секоја улога.
  • Направете проба на претставата и побарајте соодветни реквизити.
  • Подгответе ја сцената и поканете гости.
  • Оценете ги со вашите соученици вашите настапи.