Лекција 2: Поглед во минатото: кои избори ме направија личноста што сум?

Living Democracy » Textbooks » Лекција 2: Поглед во минатото: кои избори ме направија личноста што сум?

Кои избори имаа најголем ефект во мојот живот?

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Автобиографската перспектива.
Крајна цел на учењето Нашите избори и изборите на другите имаат одлучувачки ефект на нашите животи.
Задачи на учениците Учениците размислуваат кои избори имале голем ефект во нивниот живот.
Материјали и извори Материјал за ученици 1.1.
Табли, ленти хартија (А6), маркери во различни бои, лепило или самолеплива лента.
Метод Самостојна работа.
Пленарна сесија.
Временски буџет 1. Учениците размислуваат кои избори ги промениле нивните животи – 15 мин.
2. Учениците ги споделуваат нивните  одговори  – 10 мин.
3. Учениците дискутираат и размислуваат за нивните одговори – 15 мин.

Информационо поле

Изборите го обликуваат нашиот идентитет до одреден степен. На овој час учениците се навраќаат на нивните животи порано. На следниот час ја менуваат перспективата и гледаат во иднината. Клучното прашање останува исто – како ги обликуваме нашите животи, и животите на другите со избирањето?

Во овој час учениците прво се осврнуваат на нивните биографии во контекст на ова клучно прашање.
Потоа ги споделуваат и споредуваат размислите во пленарната сесија.

Опис на лекцијата

Подготовки

Пред да почне часот наставникот прикачува табла со маркер на ѕидот или големата табла и го црта дијаграмот од материјалот за ученици 1.1.

V4_P42_MACED

 

1. Учениците размислуваат за изборите кои влијаеле на нивниот живот

Наставникот ја претставува задачата

Наставникот ја претставува клучната задача на овој час. Големата верзија на печатениот материјал која е на таблата служи како преглед. Наставникот потсетува на предходниот час: учениците ги направија своите избори а самата оваа активност им даде слика на нивните различни личности. На часот се усвојува поинаква перспектива: каков ефект имале изборите на нашите идентитети и нашиот развој во животот? И кој ги направил овие избори? Ние самите, или другите луѓе?

Табелата нацртана на таблата е иста како таа во материјалите кои ги добиваат учениците. Во горната половина, учениците ги забележуваат изборите кои тие самите ги направиле, а во долната половина оние кои ги направиле други луѓе. Временската линија која оди одлево надесно го покрива животниот тек од раѓањето до сегашноста. Вака учениците  можат да покажат кога одреден избор влијаел на нивниот идентитет.

Учениците ја усвојуваат автобиографската перспектива

Учениците ги добиваат копиите од материјалите за ученици 1.1 и работат самостојно (10-15 минути). Размислуваат на нивните искуства од автобиографска перспектива. Тие се експерти за самите себеси. Бидејќи ова е од интимна природа, темата и информацијата се многу важни за секој ученик, бидејќи тие одлучуваат што ќе споделат со класот во следната фаза од часот.

2. Споредба на искуствата на учениците

Вовед во задачата

Наставникот го претставува следниот чекор. Сега учениците можат да ги споделат нивните откритија. Секој ученик добива две парчиња А6 хартија и маркери (некои може по потреба да се заеднички). На секое парче хартија може да се запише само една информација – еден избор – бидејќи лентите треба да се поврзат со другите белешки на учениците.

Наставникот пишува години во временската линија, почнувајќи со годината на раѓање на најстариот ученик, а завршувајќи со сегашноста.

Сега учениците бираат една или две точки од автобиографските моменти, користејќи ги следните критериуми:

  • Кој избор имал посебно голем ефект врз мојот идентитет?
  • Која информација би ја прикажал/а на часот?

Учениците треба да истакнат кој го направил изборот („јас“, „мајка“, „пријател“ …) и кога бил направен, но не треба да ги пишуваат нивните имиња.

Учениците создаваат општо истражување на клучните избори

По барање на наставникот, учениците пополнуваат едно или два листа хартија и ги ставаат на клупата со текстот надолу. Потоа група од четири ученици ги собира и ги носи на таблата.

Учениците се собираат во полукруг околу таблата, ако е потребно во два реда. Еден ученик од групата им ги чита записите на учениците. Еден член на групата предложува каде да се стават на таблата. Ако има повторувања, записот важи и за другите; Овие записи се бројат, количината се запишува и се врамува текстот на таблата за да се истакне важноста. Групата соработува со класот, за сите ученици да учествуваат во правењето на заедничките записи.

3. Учениците дискутираат и размислуваат за нивните откритија

Барање на повторувачки и битни елементи

Материјалот е нов за сите, така што содржината многу тешко може да се предвиди. Доста често на учениците не им треба насочување на почетокот и веднаш даваат коментари.

Ако е потребно наставникот истакнува дека следниот чекор е идентификувањето на повторувачките елементи или детали.

Многу веројатно е дека ќе се појават овие повторувачки елементи:

Адолесценција – зголемување на автономија: Во раното детство, другите прават избори (родители, семејство, наставници, доктори). Како што растеме, самите правиме повеќе избори. Затоа може да има групи на записи на таблата, а тие можат да се истакнат со симбол – стрелка која покажува нагоре – симболизирајќи го преминот кон повеќе автономија и лична одговорност како што растеме. Некој ученик може да ја нацрта стрелката на табла. (види подолу).

„Јас го должам моето постоење на родителите“: ова е почетната точка во нашите биографии, заедничка за сите нас. Елементарно е колку што е очигледно. Нашите корени се во нашето семејство.

Разноликост и плурализам: Можеби и нема повторувачки елемент. Ова укажува на феноменот плурализам – ние се разликуваме во развитокот, и нашите избори не прават различни личности.

V4_P44_MACED