2.1 Задача

Living Democracy » Textbooks » 2.1 Задача

Еден аспект на кој наставниците при планирањето на нивните лекции и наставни единици би требало да му посветат особено внимание се однесува на прашањата како да се провери напредокот во учењето и како тој може да се загарантира, како напредокот воопшто може да се сфати и утврди и на кој начин треба да се вреднува резултатот од напорот за учење. Во оваа смисла мора уште при планирањето на наставата точно да се осмисли како квалитетот на наставата може да се посредува  или да се проценува и евентуално неговото дејство и квалитет можат да бидат подобрени и како активностите на учење на учениците  би требало да бидат опфатени, анализирани, документирани и оценети. Треба исто така да се земе во предвид со кои мерки на оценување и инструменти може да се оценува, во колкава мера одделението како целина или поединечни ученици ги постигнале зададените цели и доколку е неопходно, на кои критериуми се заснива системот на оценување.

Следните клучни прашања и работни досиеја нудат подлабоки информации и помош за оценувањето на учениците, наставниците и училиштето во нивната целокупност.