Наставна единица 4 (Основно училиште, 4. одделение) – Нашите права-наше богатство

Living Democracy » Textbooks » Наставна единица 4 (Основно училиште, 4. одделение) – Нашите права-наше богатство

А   Грубо планирање

Клучни прашања/ тема

Клучна активност

Потребни материјали

Активност 1

Зошто ни се потребни посебни права за децата?

Учениците се запознаваат со проектот „ кутија со богатство“, и дискутираат како можат да го испланираат и изведат.

Предмети кои одговараат за одредени детски права како пример и за поттикнување; картички со слики за правата на децата; текст за правата на децата (види додаток)

Активност 2 (плус воншколски активности во следните седмици) Мојата лична „кутија со богатство“ – Нешто сосема посебно

Децата ја декорираат нивната кутија и се подготвуваат за нивните „богатства од детски права“.

Секое дете донесува метална, дрвена или картонска кутија на училиште; копчиња во боја, парчиња од штоф итн.; лепак и ножици

Активност 3 (после период од неколку седмици)

Моја кутија со богатство, твоја кутија со богатство – меѓусебна размена!

Децата ги покажуваат нивните богатства и кутии со богатство преку подготвување изложба на нивните клупи.

Ученичките кутии со богатства со содржината.

Активност 4 (непосредно пред 20 ноември)

Како може да се организира изложба?

Учениците ги изложуваат нивните богатства и кутии со богатства за да можат сите останати ученици да ги набљудуваат.

Простор или место за изложбата (од предност, но не присилно во училишната зграда)

Б    Основа и цели на учење

Учениците стекнуваат продлабочени знаењa за детските права. Во текот на подолг временски период тие се занимаваат со содржината и намерата на овие права обидувајќи се да пронајдат предмет кој што ќе илустрира или симболизира некое од правата, при што секое дете ќе пронајде негово индивидуално решение. Услов е учениците точно да ги разбрале поединечните детски права.

Врз основа на теоријата на учење, задачата им дозволува на тие што учат активно да си го организираат процесот на учење. Оваа постапка значително ја зголемува можноста да се стекнат поголеми знаења. Исто така и околноста што секое дете си изработува индивидуална кутија со богатството, придонесува децата посилно да се идентификуваат со нивните права, емоционално и интелектуално.

V5_P21

Овој проект се реализира подолго време (пет до седум недели) и ги стимулира учениците да ги дискутираат и споделуваат своите идеи.

По повод Меѓународниот ден на децата (20 ноември), во училиштето може да се организира изложба на детски кутии со богатство. Таа ќе ги поттикне и стимулира и учениците од пониските одделенија по една или две години и самите да направат нешто слично.

Временски почеток на работата на овој проект: првенствено од крајот на септември до средината на октомври.

В    Клучни прашања за рефлексија на четвртата наставна единица

Доживување на детските права

Запознавање на детските права

Спроведување на детските права

Наставник

На кој начин се водело сметка за принципите на детските права во училницата или училишната заедница?

Што сега децата знаат за детските права? Да се научи како да се превземе иницијатива надвор од училиштето: Што учениците научија за нивната иднина?

Секој ученик има право да развие личен и уметнички стил на изразување. На овој начин на учениците им се зголемува самодовербата и научуваат повеќе за себе си и за другите.

Сите детски права се претставуваат и дискутираат.

Учениците учат да донесуваат одлуки и се залагаат за нивните решенија во разговор.

Ученици

Како јас ги доживеав детските права на час?

Што научив за детските права? Каква иницијатива сум способен да превземам сега?

Прекрасно е доколку училиштето стане средина во која ќе можат да се видат толку убави уметнички дела. Сега уживам да одам на училиште.

Долго време се занимавав со детските права. За секој член морав да донесам одлука, а тоа можев да го направам само тогаш кога ќе го разберев членот. Сфатив дека не е секогаш лесно да се разбере Конвенцијата на детските права.

Не се сите членови од Конвенцијата на детските права еднакво важни за мене. Јас размислив за тоа за кои членови би можел да се заземам. Размислив кои права се посебно важни за децата во другите семејства, региони или земји и што би можел да направам за да ги поддржам.

 

Г    Микро планирање

Активност 1 (крај на септември/почеток октомври; времетраење околу 1 ½ часа)

Воведување: Наставникот го активира предзнаењето на одделението во поглед на правата на децата и ги рекапитулира најважните точки (спореди единица 3, активност 2). Тој им ги дава на децата копираните картички со детски права (види додаток) и ги објаснува така што учениците добро ги разбрале (кое право со која слика се поврзува) и се спремни за понатамошната работа. Оваа активност бара време и добра подготовка од страна на наставникот т.е. темелна лектира на Конвенцијата на правата на децата (види додаток). При појаснувањето на картичките не се работи за тоа да се направи точно подредување на дословниот текст на Конвенцијата туку повеќе треба со помош на сликите да се каже нешто за соодветните права.

Во следната активност наставникот поставува, кон картичките за права на децата, една декорирана кутија, како празен ковчег за богатство на маса и неколку предмети кои се соодветни за илустрирање/симболизирање на некои картички на права на децата. Примери: За членот 7 (право на сопствено име со самото раѓање): мала свеќа како сеќавање на крштевањето и роденденот. За членот 28 (право на образование): еден мал молив. Наставникот го појаснува принципот на симболизирање и дискутира со учениците со помош на др. картици за правата на децата, други примери.

Наставникот ја објаснува понатамошната постапка:

На 20. ноември е Денот на правото на детето. Дотогаш секој ученик треба да заврши изработка на една кутија. Таа се полни со картички на правата на децата и со предмети кои имаат врска со права на децата. Секој ученик сам избира и одлучува кои предмети кои детски права треба да ги симболизираат.

Појаснување на конкретната задача: Секое дете мора до следната недела да си обезбеди за ковчеџе кутија од картон, дрво или метал и него да го декорира и напише. Во барањето на соодветни ковчези децата треба меѓусебно да се поддржат. Украсувањето и обликувањето може делумно да се заврши во училиште на часовите по ликовно и ОТП така што задачата гласи само: донесете соодветна кутија и материјал за украсување, по можност многу, за да можете да им дадете од тоа и на вашите соученици.

Сите деца ги добиваат картичките со правата на децата и ги сечат. Тие треба да се стават во ковчегот откако тој ќе биде набавен и обликуван. Задача во врска со ова: Започнете со барање на богатството т.е. барајте го првото богатство / објекти кои се соодветни за симболизирање и визуализирање на поединечните детски права односно картички со правата на децата!

Можно (смисловно) продлабочување: Исечените картички уште еднаш заеднички да се погледнат, долу или позади на картичката со клучни зборови да се напише за кое право се работи.

Активност 2 (една седмица подоцна)

Децата си ги покажуаат едно со друго кутиите, материјалите донесени за украсување и првите објекти со кои сакаат да ги визуализираат / симболизираат поединечните картици (спореди ја задачата горе).

Размена/„Бура на идеи”

а) за можности за украсување на ковчегот со богатството;
б) за соодветните „симболи“ за поединечните права на децата (по можност со интегрирано повторување на најважните права на децата): Што би било соодветно за визуализирање на која картица, каде се наоѓаат такви објекти („богатства“) итн. Важно е „барањето на богатство“ да им помага на учениците да се запознаат со детските права и да ги разберат. Тие можат да изберат само еден предмет ако разбрале што значи едно определено детско право.

Почеток на работа на ковчегот со богатство со взаемна поддршка што се однесува до материјалите за украсување. Дали оваа работа ќе се заврши на училиште (евентуално во рамките на дополнителен час) или ќе биде зададена како домашна задача одлучува наставникот.

За време на „фазата на собирање на богатството“ т.е. во следните четири до пет недели би требало учениците да си ги разменуват нивните идеи и да смеат да покажат што имаат најдено: Кој што нашол за кое детско право? Што е посебно соодветно како симбол за која картичка за детските права? итн. Секако дека децата смеат да прифатат и применат идеи од соучениците. Настанува еден вид на натпревар кај кој се работи за тоа кој ученик со најкреативните и најоригинални идеи умее да го направи најубавото ковчеже.

Активност 3

Една недела пред Денот на детските права: Секое дете ги презентира предметите кои ги собрало за изложба на неговата школска клупа. Се разбира не мора за секое детско право да се презентира по еден предмет. Кратка „тура на разгледување“ (10 минути)

Децата меѓусебно си објаснуваат зошто го избрале токму тој предмет. Ова се случува по кратка заедничка иницијална фаза, најдобро во групи по тројца или четворица.). Потоа во пленум / одделенски разговор се води дискусија околу можностите како да се организира изложба на денот на детските права (20. ноември). Точки за дискусија: Како да се употребат витрини – ако ги има? Дали да се постават мали маси во училишната зграда? Дали да ја претворат училницата во музеј на детските права на денот – 20 ноември? Можеби треба да се провери дали и друго одделение има сличен проект. Кој проверува и координира по потреба? Дали да ги поканат директорот, други наставници, техничкиот персонал во училиштето, па дури и родителите? Дали да направиме инфоплакат за изложбата? Дали треба да има некаков вид на свечено отворање на изложбата? Дали едно дете или наставникот да одржи краток говор? Дали по тој повод да извежбаме песна или дури да искомпонираме? итн.

Активност 4

Ден на детските права, 20 ноември (односно околу тој датум):

Учениците подготвуваат изложба соодветно на договорениот план и им ги презентираат нивните ковчези со богатство на др. ученици. Поврзано со тоа треба задолжително да има информација за детските права за кои конечно и се работи (на ова треба специјално да се упати и би требало да се упати на еден плакат во изложбата или во говорот за отворање на изложбата).

Потоа во одделението да се развие дискусија / анализа (евент. прво писмено, потоа усно): како протече овој обемен (тежок) проект, кои искуства ги стекнавме? Што успеа добро, каде можевме нешто подобро да направиме? итн.