Метод 10: Организирање на изложба

Living Democracy » Textbooks » Метод 10: Организирање на изложба

Една изложба ѝ овозможува на една група од ученици да ја презентира нивната работа, така што другите (одделението или поканетите гости) ќе имаат увид во работата и резултатите на оваа група. Следната чек-листа може да ви помогне во планирањето на изложба.

Листа за проверка (Чек-листа)

1. Што сакаме да покажеме?
  • Како би можел да гласи насловот на нашата изложба?
  • Која е главната порака на нашата изложба? Формулирајте ја во 3-4 реченици!
2. Која е целната публика?
  • Соучениците од нашето одделение?
  • Други одделенија или наставници од нашето училиште?
  • Родители или браќа и сестри?
  • Поширок јавен круг (на пр. во рамките на проектна седмица или училишна прослава)?
3. Каде треба да се прикаже изложбата?
  • Во училницата?
  • На друго место во училиштето (сала, коридор/ходник, сала за пеење, библиотека …)?
  • Во јавна просторија (општинската библиотека, библиотека во некој дел од градот, општинската зграда …)?
  • Дали таму има доволно место и светло?
  • Дали таму постои потребната инфраструктура (на пр. билборди, видео бим, графоскоп)?
4. Кои специјални елементи можеме да ги вградиме?
  • Дали ќе биде дозволено некои изложени предмети (модели итн.) да се допрат?
  • Дали ќе смее со изложените предмети да се игра, да се испробуваат работи, да се набљудуваат или да се експериментира со нив?
  • Треба ли да направиме табли со натпис за изложените предмети; како сакаме нив да ги дизајнираме?
  • Треба ли да се свири музика или ние самите да музицираме?
  • Треба ли да понудиме лесна ужинка?
  • Треба ли да понудиме водење низ изложбата?
  • Треба ли да дизајнираме флаер или плакат за изложбата?
  • Треба ли да организираме натпревар или квиз?
5. Кој мора однапред да биде информиран?
  • Наставниците од нашето училиште?
  • Хаусмајсторот?
  • Членовите на училишниот совет?
  • Училишното раководство?
  • Стручни луѓе кои можат да не поддржат?
  • Гости?
6. Што сѐ треба да се изврши?
  • Треба ли лична листа за проверка(чек-листа)?
  • Кој која задача ја презема, служби и надлежности? (да се изготви листа!)
  • Потребна ли е листа на потребен материјал?
  • Потребен ли е времески план (кој до кога што мора да изврши)?
  • Знаеме ли колку пари имаме на располагање и колку веќе сме потрошиле? Кој е надлежен за овој преглед?
  • Потребен ли е флаер или покана за изложбата?
  • Треба ли да се информираат месните медиуми (локалните весници и телевизии)?
7. Како се оценува изложбата?
  • Кои се најважните критериуми за да се оцени успехот на нашата изложба?
  • Кој ќе ја оценува изложбата (наставници, соученици, посетители)?
  • Што ќе подготвиме како повратна информација (прашалници, табела со поени или смајли…)?