Материјал за учениците 3.2: Надежта е за секого

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 3.2: Надежта е за секого

Директорката на Колеџот Хоуп беше една дарежлива и хумана жена. Таа цврсто веруваше во значењето на образованието. „Секој заслужува добар почеток во животот“ – таа најчесто им велеше на вработените. „Јас не би сакала да третирам една личност попривилегирано од некоја друга во ова училиште. Тоа не би било праведно.“

Потоа, еден ден, една група на деца-бегалци пристигнаа во училиштето. Нивните семејства побегнаа од конфликт во соседната земја. Директорката им рече на вработените:

„Овие несреќни млади луѓе имаат загубено сé. Нека се чувствуваат добредојдено на вашите часови. Тие треба да страдаат колку што е можно помалку. Војната не беше по нивна вина.“

Вработените се согласија. Децата беа распределени по одделенија, според нивната возраст. Повеќето од децата-бегалци беа сами, но во едно одделение имаше група од четири момчиња-бегалци.

Не помина долго време пред вработените да сфатат дека постојат тешкотии во однесувањето на децата-бегалци. Еден по еден, тие доаѓаа кај директорката со нивните проблеми. „Детето-бегалец во моето одделение не зборува на нашиот јазик.“ – рече еден наставник. „Јас немам време да преведувам сé за неа. Ми одзема премногу од моето време. Другите ученици страдаат.“ „Детето-бегалец во моето одделение не сака да зборува со никого.“ – забележа друг наставник. „Тој е можеби трауматизиран од војната. Или тој можеби има тешкотии со учењето. Што можам јас да сторам?“ Третиот наставник рече: „Јас имам дете кое било рането. Таа не може да оди. Таа не може да се приклучи во ниту една физичка активност и не може да се качи по скалите за во научната лабораторија.“

Потоа, почнаа да се појавуваат и други проблеми. За време на паузата за ручек, некои од децата-бегалци беа злоставувани и задевани. Тие беа нарекувани со погрдни имиња, а некои од децата им велеа да се вратат таму од каде што дојдоа.

Четирите момчиња од истото одделение формираа банда за да се заштитат себеси. Еден ден, имаше тепачка помеѓу еден од нив и едно локално момче. Момчето-бегалец многу лошо го повреди неговиот противник. Персоналот се пожали кај директорката дека тоа момче треба да биде избркано од училиштето, но директорката се прашуваше дали тоа би било праведно, поради она низ кое имаше поминато младиот бегалец. Вработените рекоа:

„Ние се обидовме да ја направиме оваа работа, но нашите сопствени деца премногу страдаат. Ние не можеме да ги учиме овие деца и во исто време да дадеме сé од себе за локалните ученици.“

Многу набрзо потоа, родителите на децата-бегалци замолија да се сретнат со директорката. Тие рекоа:

„Нам не ни се допаѓа фактот дека вие ги поучувате момчињата и девојчињата заедно на спортските часови. Тоа е спротивно на нашата религија и култура.“

На крајот, директорката започна да го губи трпението. Таа откри дека ова е тежок проблем, но во срцето знаеше дека не би требала да ја изгуби надежта.