Материјал за учениците 4.4: Дали насилството е прифатливо во некои случаи?

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 4.4: Дали насилството е прифатливо во некои случаи?

Случај 1

Во врска со прашањето за анти-глобализацијата за време на демонстрации, една мала група луѓе започна да фрла камења врз управната зграда на една позната транс-национална компанија. Полициските сили, присутни на местото, видоа дека ова ќе продолжи и понатаму и се обидоа да ги уапсат инволвираните лица. За време на оваа интервенција, еден полицаец е фатен од луѓето кои фрлаа камења и сериозно е претепан.

Прашања:

  1. Дали би било прифатливо полициските сили да ги употребеа нивните пиштоли и да стрелаа во луѓето кои фрлаа камења?
  2. Дали би било прифатливо полицијата да интервенираше употребувајќи митралези? (Ова би било побрзо, но речиси сигурно би резултирало со повеќе загинати.)
  3. Дали би било прифатливо полицијата да чекаше сé додека не можеше да интервенира употребувајќи воден топ?
  4. Дали би било прифатливо полицијата да не интервенираше со користење на сила, со цел да се избегне ескалација на конфликтот?

Случај 2

Земјата Х ѝ објавува војна на земјата Y, бидејќи Y слободно ги штити и дури ги финансира бунтовничките групи кои делуваат против земјата Х од земјата Y. Разузнавачкиот тим на земјата X открива во кое село престојува групата на добро истренирани и вооружени бунтовници и открива дека тие подготвуваат голем бомбашки напад врз една значајна индустриска мета.

Прашања:

  1. Дали би било прифатливо земјата Х жестоко да го бомбардира селото, осигурувајќи на тој начин само неколку луѓе дека ќе преживеат, вклучувајќи ги и локалните жители?
  2. Дали би било претходно прифатливо по јасно барање до бунтовниците да се предадат и по јасно предупредување на локалното население да го напуштат селото, а по претресот за оружје, да им биде дозволено да се соберат на локалниот спортски стадион?
  3. Дали би било прифатливо да не се интервенира со употреба на сила? На кои алтернативи можеш да помислиш?

Случај 3

Г-дин Х, млад човек вработен како технички асистент во една локална болница, редовно ја тепа неговата сопруга кога ќе се врати дома пијан. Еднаш, неговата жена ја информира полицијата за тепањето од страна на нејзиниот сопруг, кое понекогаш е многу сериозно. Сопругата на соседот, која случајно стана свесна за оваа ситуација,сега може да си замисли што се случува во соседната врата кога таа ги слуша нејзините соседи како се расраваат и викаат.

Прашања:

  1. Дали би требало жената на соседот да ја информира полицијата за ваквите случаи или тоа е неприфатливо мешање во приватноста на нејзините соседи?
  2. Кога ќе добијат информација од некого, дали полицијата би требало да интервенира во вакви околности?

Случај 4

Лео, 13, е слабо и, поточно кажано, мало момче. Тој е често злоставуван од некои повозрасни момчиња, додека си игра на локалното игралиште. Овој пат, тој им одговори дека тие не би требало постојано да го вознемируваат и дека тие се однесуваат како необразовани, примитивни луѓе. Како последица на тоа, постарите момчиња започнаа безмислосно да го тепаат. Другарот на Лео гледаше што се случува, кога влезе на игралиштето. Некои повозрасни луѓе, исто така, гледаа што се случува кога поминуваа крај игралиштето, на патот за дома, по купувањето храна на пазарот.

Прашања:

  1. Дали другарот на Лео би требало да се вмеша во овој случај? Како?
  2. Дали повозрасните луѓе би требало да се вмешаат? Како?
  3. Кои други решенија би ги предложил?