ГЛАВА 8: ПРАВА И СЛОБОДИ – Моите права-твоите права

Living Democracy » Textbooks » ГЛАВА 8: ПРАВА И СЛОБОДИ – Моите права-твоите права

Глава 8: Основен концепт- „Права и слободи” (за основно ниво)

Основни информации за наставниците: човекови права: што е важно за мене? За тебе? За другите?

Човековите права наједноставно можат да бидат дефинирани како оние видови на права кои се наследни по нашата природа и без нив не можеме да напредуваме како човечки суштества.

Човековите права и фундаменталните слободи ни дозволуваат да се развиваме  и да ги користиме нашите човекови квалитети, нашата интелигенција, нашите таленти и нашата свест и тие ни дозволуваат да си ги задоволиме нашата духовна и други потреби. Тие се темелат на зголемената човекова побарувачка за живот во која наследената гордост и вредноста на секое човечко суштество се почитува и заштитува.

Оваа глава изобилува со основни информации за наставниците во основно училиште кои сакаат да ја подигнат свеста за вредноста на човековите права, како и чувството за реципроцитет и универзалност врз кои се темелат човековите права. Тоа е само појдовна точка, која треба да биде поддржана со истражување и проучување и/или со користење на упатства и аудио-визуелни материјали кои веќе се достапни. Со тоа, со надеж, ќе се поттикне постојан процес на адапатација и развивање на сите нивоа на поучување во еден свет со толку многу различни култури.

Декадата на Обединетите Нации за Образование за Човековите права (1995-2004) го дефинираше образованието за човековите права како “дисеминација, обучувачки, и информациски напори кои имаат за цел да изградат универзална култура на човекови права низ ширење на знаење и вештини и обликување на ставови кои се насочени кон:

  • Зајакнување на почитта кон човековите права и фундаментални слободи;
  • Целосен развој на човечката личност и чувството на гордост;
  • Промовирање на разбирањето, толеранцијата, полова еднаквост и пријателство кај сите нации, домородци и расни, етички, национални, религиозни и лингвистички групи;
  • Давање можност на сите луѓе да земат активно учество во општеството;
  • Продолжување на активностите на Обединетите Нации за Оддржување на Мирот (Адаптирано од План за Акција на Декадата на Обединетите Нации за Образование за Човековите Права (1995-2004) параграф 2.)

Овој процес ќе зависи од засебните образовни системи, кои многу се разликуваат, но најмалку од степенот на дискреција во кој наставниците мора да си ги постават своите поучувачки цели. Сепак, наставникот секогаш ќе биде најглавната личност во преземање нови иницијативи за работа и тој/таа носат огромна одговорност при комуникацијата и промовирање на принципите на човекови права во училницата. Сепак, само поучувањето за човекови права не е само по себе доволно. Тие вредности треба да се присутни во училницата заедно со процесите  на демократско донесување на одлука и дејствување. Учениците не само што ќе сакаат да научат за човековите права, туку тие учат низ нив и со нивна помош.

Фактот дека Универзалната Декларација за Човекови Права4 има скоро глобална валидност и применливост е многу важно за наставникот. Работејќи со начела кои се со години наназад прифатени и применети, наставникот може гордо да рече дека тој/таа промовира нормативен систем кој е признаен од интернационалната заедница и нејзините влади. Образовниот систем се разликува многу. Сепак, кога поучува за човековите права, наставникот има и втора улога – односно, тие поучуваат на таков начин со тоа што ги почитуваат човековите права во училницата и самата училишна околина.

Ова значи избегнување на секакво лицемерие. Наједноставно кажано, лицемерието се однесува на ситуации во кои темата за која поучува наставникот е очигледно зависна од тоа како наставникот поучува. На пример, “Денес ќе учиме за слобода на изразување – ти таму во последниот ред, замолкни!” На овој начин, учениците ќе научат многу за моќта, и со тоа помалку за човековите права и почитта кон човековата гордост, која е во суштината на човековата слобода. Бидејќи учениците поминуваат добар дел од времето во проучување на наставникот и можат да развијат претстава за личните мислења на наставникот, таквиот вид на однесување може да предизвика наставникот да има многу мал позитивен ефект. Поради потребата да удоволат, на пример, учениците може да се обидат да ги “присвојат” личните ставови на наставникот, без да размислуваат за себе. Ова може да е причината, барем на почетокот, зошто тие не ги искажуваат своите ставови. Во најлош случај, лицемерието предизвикува сериозни прашања за како да се зачува и промовира човековата гордост и на наставникот и на учениците во училницата, како и во училиштето и во општеството. Ова бара од наставниците да изнајдат начини и средства да ги инволвираат другите страни во процесот на одлучување што да се прави, како тоа да се направи; тоа значи да не се инволвираат само учениците, директорите, образовните надлежни лица, и родителите, туку и, ако е возможно, членови на заедницата во кои тие работат и живеат.

Целта на образованието за демократско општество и човекови права е да го поддржи развојот на компетенциите во овие подрачја. Оваа глава го има следниот компетенциски профил:

Компетенции во …
… Политичка анализа и суд … Политичка анализа и суд … Политичка анализа и суд
** *** *
Активности
Во оваа лекција  можат да се користат различни активности за поддршка на учениците. Наставникот мора да одлучи дали сите или само неколку ученици имаат потребна дополнителна подготовка за да можат да работат со овие Активности
0 Пребарување во библиотека
0 Пребарување на Интернет
X Правење интервјуа и анкети
X Интерпретирање на слики
0 Мисловни мапи
0 Правење на постери
0 Одржување на изложби
X Планирање и правање презентации
X Подготвување фолии за графоскоп или Power Point презентации
0 Пишување написи за во весник
0 Драматизација
0 Учество во дебати

 

Глава 8:Права и Слободи

Мои права-твои права?

Човекови права: што ми е важно? Тебе? На другите?

 

Наслов на лекција Цели на учењето Задачи на ученикот Ресурси Методи

Лекција 1:

Желби и потреби

Учениците учат дека нивните индивидуални желби – идеите и нештата кои тие би сакале да ги имаат и да ги реализираат- се исто толку важни како и нештата кои на луѓето им се потребни со цел да имаат пристоен живот. Учениците избираат слики кои ги претставуваат нивните желби и потреби и дискутираат и одлучуваат за нив. Конец, клин, исечоци (слики) од списанија, работен материјал. Групна работа.

Лекција 2:

Човекови права: што претпочитаат тие?

Со поврзување на секоја нивна индивидуална потреба со натпис од Универзалната Декларација на Човекови Права, учениците учат да препознаат дека декларацијата е направена со цел да ги пресретне потребите на луѓето. Учениците размислуваат за првиот час со помош на листа или избран натпис од Универзалната декларација за Човекови Права. Работен материјал (поедноставена верзија од Универзалната Декларација за Човекови Права), листи со потреби од глава 8, час 1. Групна работа, истражување.

Лекција 3:

Анкета: што знаат и мислат луѓето околу нас?

Учениците го продлабочуваат своето знаење со интервјуирање на возрасните за нивните ставови и нивното познавање на човековите права. Забележуваат колку индивидуалните човекови права можат да бидат различно вреднувани. Учениците припремаат анкета и вежбаат како ќе ја спроведат во училницата. Самата анкета треба да биде направена како домашна задача за време на наредната недела. Работни материјали, хартија, пенкала и моливи. Анкети во групи.

Лекција 4:

Човекови права во живо!

Учениците стануваат свесни за тоа како луѓето различно ги вреднуваат човековите права со презентирање на резултатите од нивното истражување. Размислуваат за своите процеси на учење и со тоа го овозможуваат трансферот на знаење и компетенциите. Учениците ги презентираат и дискутираат резултатите од својата анкета. Размислуваат за целиот процес на учење. А4 хартија. Групна дискусија, пленарна дискусија.

 

4. Усвоена од Собранието на Обединетите Нации на 10 декември 1948