Лекција 4: Како да постигнеме одржливост?

Living Democracy » Textbooks » Лекција 4: Како да постигнеме одржливост?

Начини на балансирање на цели и надминување на конфликт

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Анализа и расудување:
Размислување на искуството преку анализа базирана на концепти.
Крајна цел на учењето Стимулациите силно влијаат на нашето однесување. Ефектот на стимулациите се контролира со правила (екстерно) и одговорност (самоконтрола).
Концепти: стимулација, дилема
Задачи на учениците Учениците применуваат концепти на нивното лично искуство.
Материјали и извори Материјал за ученици 4.2.
Метод Презентации; пленарна дискусија; информации од наставникот.
Временски буџет 1. Учениците ги предаваат своите информации – 10 мин.
2. Учениците размислуваат за влијанието на стимулациите на нивното однесување. – 15 мин.
3. Учениците дискутираат за двата основни пристапи за решавање на дилемата одржливост – профит. – 15 мин.

 

Информационо поле

Во оваа лекција учениците ќе го применат концептот на стимулации на нивното однесување во риболовната игра. Правилата на играта направија учениците да се концентрираат на максимализација на нивните краткорочни цели без разлика на последиците за другите рибари или заедничкиот рибен фонд.

Во оваа заклучна лекција, учениците ќе дискутираат за начини на контролирање на стимулациите кои имаат контрапродуктивни ефекти. Ова се прави на два начина. Прво, преку политички средства (авторитативен пристап); правилата и законите дозволуваат или забрануваат одреден тип на делувања. Наградите и казните се средства за спроведување. Второ, индивидуалците го контролираат нивното однесување самите, преку преземање одговорност. Учениците дискутираат кои пристап го претпочитаат.

Домашната задача е важна од повеќе аспекти: учениците размислуваат и го запишуваат резултатот од предходниот час. Тие земаат збор на почетокот на овој час и се активно вклучени од самиот почеток. Наставникот добива повратна информација за тоа што учениците разбрале и научиле. Ова на наставникот му дава правец за како тој/таа да продолжи (конструктивистичко учење и инструкции насочени кон учениците).

Опис на лекцијата

Фаза 1: Учениците ги даваат нивните информации

Наставникот ја поврзува темата на лекцијата со клучните прашања

Се очекува учениците да дојдат на часот со нивните искази за две клучни прашања. Со размислувањето на овие прашања учениците ја создаваат концептуалната рамка за целиот час (конструктивистичко учење).

1. Објаснете зошто е толку тешко да се постигнат две или повеќе одржливи цели истовремено. Осврнете се кон материјалот за ученици 4.2 и нашата дискусија на часот.

2. Објаснете зошто повеќето од играчите се држат до целта на индивидуален приход, дури и кога катастрофалните последици се јасни.

Ако сакате, можете да дадете конкретни примери.

Исказите нека ви бидат подготвени во писмена форма.

Наставникот ја претставува темата на часот: како да ја постигнеме одржливоста? Тој/таа ја пишува темата на табла и дава збор на учениците. Секој од учениците ги обработува двете прашања.

1-во прашање: Одржливи цели

Се очекува учениците да имаат размислено за следниот проблем: Иако одржливите цели се хармонични една со друга, има некои кои заемно  не одговараат. На пример, заштитата на природната средина оди заедно со одговорноста за идните генерации и човештвото како целина (глобална перспектива, еден свет). Овие цели се во опасност ако сегашната генерација инсистира на зголемено богатство (економија). Општеството (целта на фер распределбата) и економијата (зголемување на производството) можеби се хармонични, но во многу случаи не се.

Риболовната игра беше најлош случај во кој сè отиде на погрешен пат. Дури и побогатите рибарски села се соочија со економски пад.

Учениците можеби ќе се осврнат на моменталните напори за хармонизација на економскиот раст и заштита на средината: рециклирање на отпадот, производство на струја од ветер, сончеви или вечерни генератори или развој на автомобили кој возат на струја.

2-ро прашање: Целта на индивидуално богатство

Се очекува учениците да размислувале за следниот проблем: во риболовната игра изгледаше дека „победникот“ е селото со најголем улов. Одговорноста за средината не се исплатеше, во многу буквална смисла.

Во секоја рунда, наставникот дава збор на 6 до 10 ученици. Која ќе се појави јасна слика, учениците ќе се обидат го сумираат тоа што го чуле. Резултатот може да дојде блиску до тоа што беше истакнато, но може и да се разликува. Ако учениците не се согласуваат, ова треба да се искаже.

Фаза 2: Учениците размислуваат за влијанието на стимулациите врз нивното однесување

Со кратко излагање, наставникот ги претставува двата концепти кои помагаат учениците да разберат како тие се однесувале во риболовната игра.

Во играта одговорноста за средината и состојбата на другите не се исплатеше на многу буквален начин, но максимизацијата на уловот за зголемување на богатството се исплатеше. Сигналот беше многу јасен. Ваквиот начин на суптилно влијание врз нас, терајќи нè да се однесуваме на одреден начин, но не присилувајќи нè, се вика стимулација.

Тука наставникот паузира и им вели на учениците да размислуваат за стимулациите кои ги искусиле во нивниот секојдневен живот. Можеме да очекуваме примери како следниве:

  • Обично го купуваме поевтиниот производ ако квалитетот е главно ист.
  • Се трудиме на училиште за да постигнеме високи оцени.
  • Родителите ветуваат награда за нивните деца ако се добри на училиште.
  • Осигурителните компании нудат бонуси на клиентите ако тие не ги повлечат парите.
  • Добивате подарок ако се претплатите за списание, или ако убедите пријател да се претплати.
  • Некои луѓе не сакаат да се испијанат бидејќи мислат дека ќе се наруши нивната репутација.

Учениците или наставникот прават заклучок од овие примери.

Овие примери јасно покажуваат дека стимулациите се во корист на нашите индивидуални интереси. Често и отворено поврзани се со пари, но исто така и со нашата желба да се биде успешен или прифатен од другите. Конкурентните пазарни економии силно се потпираат на стимулациите, а заработувачката стимулација е јадрото на конкурентноста на слободниот пазар. Затоа не е изненадување ако учениците реагираат на стимулација која им е доста позната.

Фаза 3: Учениците дискутираат за двата основни пристапи за решавање на дилемата одржливост – профит

Наставникот дава втор прашалник поврзан со концептот за дилеми. Стимулацијата за да ја зголемиме нашата индивидуална добивка е голема. Од перспективата на одржливост, последиците ако одговориме на стимулацијата за профите се катастрофални, а ние го знаеме тоа. Ние сме во дилема. Знаеме дека треба да направиме нешто за заштита на заедничките ресурси, но ако се обидеме ќе направиме неуспех и ќе бидеме посиромашни од другите. Затоа се враќаме на нашата цел за профит, плашејќи се од најлошото. Оваа ситуација, во која правиме нешто навистина погрешно без разлика која опција и да ја одбереме – а мораме да избереме една – се вика дилема. Учениците треба прво да прашуваат прашања за разбирањето. Откако ќе се согласат за тезата дека мотивацијата за заработка во почетната фаза на риболовната игра е голема, тие можат да се свртат кон прашањето за тоа како може да се надмине деструктивниот потенцијал. Овде битно е искуството додека играта трае. Дали учениците успеаа да ја контролираат и координираат нивната политика на риболов? Дури и да не успеаа, кои решенија беа предложени? Кои решенија би рекле дека треба повторно да се погледаат?

Во поширока смисла, можеме да очекуваме идеите на учениците да се поделат во две категории. Тие можеби нема да ги обработат сите аспекти вклучени во овој идеален опис:

  • Авторитативниот пристап: На рибарите им се потребни правила и закони и систем кој ќе ги спроведува. Рибарите се контролираат со институција која е над нив, а оваа институција, најверојатно влада, би ги истакнала одржливите цели. Слободата за следење на стимулации со профит би била строго ограничена.
  • Пристапот базиран на договор: Рибарите потпишуваат договор за правила и принципи на однесување и можеби за одржливи цели. Тие можеби ќе се согласат за систем на контроли и санкции.

Која од овие две опции ја претпочитаат учениците? Ако има малку време, наставникот бара учениците да кренат рака, и еден или двајца ученика од секоја страна ги кажуваат нивните причини. Ако дозволува времето може да се направи и дискусија. Учениците можеби ќе истакнат дека слабоста на хиерархискиот, авторитативниот пристап е дека таквата дистанцирана институција ќе нема јасно разбирање за одржливите цели. Локалниот пристап базиран на договор има предност во својата експертиза, но е инфериорен во санкционирањето на прекршоци на договорот. Бидејќи рибарите се еднакви партнери, тие не можат меѓусебно да си бидат „полиција“.