Час 3: На кои начини луѓето се различни?

Living Democracy » Textbooks » Час 3: На кои начини луѓето се различни?

Колку се различни потребите на луѓето?

Цел на учењето Учениците се способни да:

  • ги идентификуваат причините зошто некои луѓе
    може да имаат нерамноправен пристап до
    образованието.
  • ги сфатат бариерите до рамноправноста во
    пошироката заедница.
  • сфатат кој ја споделува одговорноста за
    надминување на бариерите до рамноправноста.
Задачи за учениците Учениците критички анализираат една хипотетичка ситуација, работејќи со клучните концепти. Учениците ги применуваат клучните принципи во нивните сопствени социјални ситуации.
Учениците дискутираат за клучните прашања, произлезени од часот.
Учениците ја претставуваат напишаната задача.
Материјали Копии од приказната.
Метод Критичко мислење.
Дискусија.
Развивање на пишуван аргумент.

Концептуално учење

Разновидност: Разновидност не постои само во врската со етничката припадност или националноста. Постојат многу други видови на разлики кои ги делат луѓето едни од други и кои можат да бидат причини на сериозни социјални разлики, ако тие се во мнозинство или кај тие со моќ и влијание да не направат ништо, што се должи на недостатокот на разбирање и сожалување.

Рамноправност: Постојат два главни типа на рамноправност – рамноправност за можност или рамноправност за резултат. Можно е да се даде секому еднаква можност (да оди на училиште, на пример), но ако пределени пречки (како што се пречки во развојот) не се надминат, оваа можност би можела да биде отфрлена за некого. Рамноправноста има за цел да овозможи секое дете да биде школувано, без разлика на неговите/нејзините пречки во развојот.

Дискриминација: Ако некој се третира неправедно врз основа на раса, род, сексуалност, возраст, верување итн.

Часот

Наставникот ја чита приказната пред одделението (материјал за учениците 3.2.). Оваа приказна упатува на бројност на комплексни прашања, кои можат да предизвикаат губење на вниманието кај учениците, освен ако не ја простудираат приказната од поблиску. За да им помогне, наставникот им го дава материјалот за учениците 3.3. и им ја објаснува следната задача.

Учениците работат во парови за да ги идентификуваат повеќето проблеми, со кои се соочува персоналот на Колеџот Хоуп, колку што можат. Тие ги внесуваат во форма на белешки во првата колона од материјалот („Проблеми“). Потоа, тие предлагаат начини на кои проблемите би можеле да бидат соборени („Решенија“) и додаваат, според нивно мислење, кој би можел да биде одговорен за извршувањето на овие решенија, под колона  три („Одговорности“). Последната колона може да биде оставена празна за некоја подоцнежна етапа.

Потоа, учениците ги презентираат, споредуваат и дискутираат за нивните резултати. За да го поддржат презентирањето на учениците, некои од учениците би требало да подготват флип чарт со ист распоред како и материјалот за учениците. Ако има можност, материјалот за учениците може да биде копиран на поголема хартија и парот на ученици можат да го пополнат.

Дискусија во одделението

Учениците можат да ги покренат некои од следниве прашања или наставникот може да ја започне дискусијата, прашувајќи ги:

  • Дали мислиш дека директорката ја постигна нејзината цел, третирајќи го исто секој ученик?
  • Дали мислиш дека директорката би требало да ги почитува вредностите на родителите-бегалци и да ги школува момчињата и девојчињата одделно? Размисли за аргументите на двете страни.
  • Дали би било подобро ако децата-бегалци беа школувани одделно од останатите ученици?

Наброи ги предностите и недостатоците на секој пристап, прво, за учениците и второ, за пошироката заедница.

Освен дискутирањето на сите прашања, учениците би требало да имаат време да го истражат подетално секое прашање. Тоа е значајно за нив за да разберат дека во плуралистичкото општество луѓето имаат различни потреби и ова може да доведе до конфликт. Затоа е важно праведно да се решат овие конфликти со посветување на должно внимание на сите поединци и групи (види тема 4 за повеќе детали за решавањето на конфликти). При оваа студија на случајот, училиштето може да се набљудува како едно микро-општество во кое младите граѓани се среќаваат со истиот тип проблеми, кои што постојат во општеството како целина.

Следните прашања покажуваат колку е богата оваа студија на случајот и дека прашањата вредно се проучуваат. За една пообемна студија потребен ќе биде дополнителен час. Наставникот мора да реши дали ќе одбере одредени аспекти, во зависност од времето на располагање и од нивото на интерес на учениците.

Колку се различни образовните потреби на децата?

Клучните прашања, на кои учениците мора да одговорат, секако се, како со овие проблеми може да се справат и дали некој од овие проблеми би требало да биде игнориран од училиштето (ако треба, зошто).

Овие прашања може да бидат одговорени на два начина: прво, со согледување чии потреби би можеле да бидат повредени со решавањето или игнорирањето на одреден проблем и второ, преку идентификување на тие проблеми кои би можеле да бидат решени од училишната заедница.

Со следење на првиот пат, учениците подобро ќе ги разберат специфичнте потреби на бегалците (и локалните) ученици ако тие го земат предвид следното прашање: „Кои човекови права – или детски права- им се негирани на децата- бегалци?“

Еве неколку категории на образовни потреби. Учениците би требало да најдат примери од приказната за нив и да ги внесат во четвртата колона од материјалот за учениците:

  • емотивни;
  • за учење;
  • религиозни;
  • културолошки;
  • јазични;
  • физички.

За секоја категорија, учениците треба да обезбедат сопствени примери.

Одговорност и нејзините граници

Специфичните прашања, кои произлегуваат во приказната, би требало да водат кон една поопшта дискусија за еднаквите права и образованието.

Колку е лесно да се обезбеди најдоброто образование за секое дете, во согласност со неговите/нејзините потреби? Што може да направи едно училиште и за кои проблеми е потребна поддршка однадвор, на пример, дополнителни фондови од локалниот совет?

Овде, учениците го следат вториот пат и оваа анализа води до еден важен увид – типично, комплексните проблеми не можат да се решат со преземање на еден голем чекор, што во овој случај значи, на пример, проширување на училиштето, вработување на специјално обучен персонал, итн. Вакви мерки на образовната реформа би биле многу посакувани, но тие нема никогаш да се случат, бидејќи тие зависат од политички одлуки (како да се распределат парите од даноците, на пример) за кои одлучуваат други (како што е локалниот градски совет или министерството за образование). Луѓето, кои мислат само на преземање такви, радикални чекори, всушност нема да направат ништо, освен што ќе ја фрлат вината врз другите. Од друга страна, работите можат да бидат подобрени со преземање на мали чекори, кои во оваа студија на случајот значат погледнување во оние делови на проблемот со кои директорката, наставникот, учениците или родителите би можеле да ја изменат утрешнината – само ако сакаат или ако би можеле да се согласат.

Тука важна е третата колона од материјалот за учениците. Кој е одговорен, а тоа е, во чија моќ е да се измени нешто? Учениците можат да дискутираат дали малите чекори – подобрувања во просторот на училишната заедница – се доволни и каде тие имаат ограничувања. Тие можат, исто така, да ја разгледаат комбинацијата на мали, краткотрајни чекори и поголеми чекори за кои треба време.

И тука повторно, „училиштето е живот“, едно микро-општество. Дискусијата за стратегиите за училишниот развој ги запознава учениците со мислење во услови на политичко донесување одлуки и стратешко планирање.

Училиштето е живот

Учениците можат да го споредат Колеџот Хоуп со ситуацијата во нивното училиште, користејќи ја следната идеја.

„Во твоето училиште, со какви пречки во образованието се среќаваат некои ученици? Што мислиш, од кого треба да се побара одговорноста за овие потреби (на пример, владата, директорката, персоналот или учениците)?“

Можни се различни методи за справување со ова прашање. Тоа може да биде предмет на пленарна дискусија, проект интервју со другите ученици или може да биде поврзано со проектот на училишниот весник (види тема 5).

Напишана задача

Во организирањето на процесите на поучување и учење, важно е да сме сигурни дека учениците разбрале и можат да го применат она што го научиле. Еден начин за да се направи тоа е да се поврзи пленарната дискусија со напишаната задача. Ова им дава можност на сите ученици да мислат за прашањата, кои беа дискутирани во пленарна дискусија и тоа може да биде особено корисно за бавните и темелни мислители, кои често се тивки во една дискусија иако, всушност, имаат многу да кажат.

Наставникот мора да реши која тема најмногу одговара на нивото на изразување и разбирање на учениците. Можеби е доволно учениците да ја повторат дискусијата и да дадат свој суд. Во една вежба, која многу бара, учениците можат да се насочат и кон човековите права и/или до прашањата за нееднаквоста во општеството, на пример:

„Европската конвенција за човекови права и Конвенцијата за детски права констатираат дека владите имаат должност да му обезбедат образование  на секое дете.

  • Објасни дали ти мислиш дека училиштето ја исполнило оваа обврска.
  • Што е потребно за да им се даде на децата образование кое тие го заслужуваат?
  • Што мислиш, кој е одговорен да направи и да се случи ова?
  • Кои други области од животот се погодени, како резултат на нерамноправноста во општеството?
  • Дискусија.“

Предложен резултат од пленарната дискусија (флип чарт, пополнет материјал за учениците)

Помош за Колеџот Хоуп

Проблеми Решенија Одговорен Образовни потреби
(1) Деца-бегалци
Јазични проблеми Специјални курсеви Директорка
Локален совет
Јазични
Момчето не зборува Терапија, специјална настава Совет:
директорка, наставник
Јазични, емотивни
Девојчето не може да оди Медицински третман
Специјална настава
Совет за родителите
Физички
(2) Ученици-бегалци и локални ученици
Злоставување,
задевање Банда Закани
Тепачка, повредено момче
Дискусија во одделението Правила на однесување Ученици- набљудувачи Наставници
Ученици Родители
Емотивни
Социјални
Ставови и вредности
(3) Наставници
Не можат да се грижат за учениците- бегалци и локалните ученици Не можат да се грижат за учениците- бегалци и локалните ученици Локален совет За учење
Јазични Културолошки Релгиозни
(4) Родители
Сакаат посебни одделенија за момчиња, посебни за девојчиња „Не“?
„Во ред“?
? Културолошки
Релгиозни