2 – Работно досие 3: Избор и користење на материјали во образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП)

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 3: Избор и користење на материјали во образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП)

а) Избор на материјал изработен од медиумите

Широко собраниот концепт на материјали за наставата по ОДГ/ОЧП (види горе, работно досие 2) условува како наставниците, така и учениците да учествуваат во изборот на материјали. Од страна на учениците ова по правило се случува во рамките на нивниот конструктивистички процес на учење. Натаму, со текот на времето при изборот на материјали за работа во наставата по ОДГ/ОЧП во прв план се наоѓа улогата на наставникот.

Критериуми при избор на претходно подготвен материјал (печатени и електронски текстови и слики итн.)

  • Доверливост: Дали авторот, изворот, датумот на подготвување јасно можат да се идентификуваат? (Дали текстот, материјалот на податоци итн. потекнуваат од оригиналната верзија?) Дали учениците (од секундарниот степен) можат да верифицираат дали документот е верен на оригиналот или е фалсификуван?
  • Прикладност: Дали материјалот одговара на состојбата на знаење и компетенциите на учениците вклучувајќи ги и нивните искуства со демонтирање на медиумски посредувани пораки? Материјалот не треба да е ниту едноставен, ниту тежок, туку да изискува одреден напор кој ќе ги поттикнува вештините на учениците и ќе го проширува нивното знаење, нивното разбирање и нивното расудување.
  • Релевантност: Дали материјалот соодветствува со интересите на учениците? Се работи ли за тема или прашање кое е важно за учениците? Можат ли тие да ја поврзат содржината со нивните предзнаења и нивните искуства?
  • Принцип на неиндоктринација или плурализам на перспективи: посочува ли материјалот различни перспективи? Дали не постои опасност од индоктринација на учениците – во однос на смерот на мислите, градењето на проценка или интереси (види дел 1, наставна тема 3, поглавје 5.1 – 5.3 во оваа книга (Консензусот на Бојтелсбах).

б) Работа со материјалот подготвен од учениците

Писмен материјал, слики итн.: Овој материјал наставникот може да го погледне пред или после лекцијата и да размисли за натамошната постапка.

Усните прилози напротив го ставаат наставникот пред тешка задача бидејќи овде мора да се реагира спонтано и често да биде импровизирано. Во врска со ова, корисни натамошни задачи на пр. за водење на дискусии во пленум, се наоѓаат во актуелната книга (дел 3, Методи за наставата по образование за демократско граѓанство и човекови права, наставна тема 1, методски пакет за наставникот, метод 3: Водење на одделенски дискусии (дискусија и критичко мислење) во наставата по ОДГ/ОЧП).