Лекција 1: Мнозинството владее секогаш?

Living Democracy » Textbooks » Лекција 1: Мнозинството владее секогаш?

Модел-случај

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Анализирање на проблем.
Крајна цел на учењето Проблемот со „постојаното мнозинство“: мнозинството одлучува во демократскиот систем. Се очекува малцинството да го прифати овој принцип и одлуките донесени од мнозинството. Но што се случува кога малциството постојано се надгласува?
Задачи на учениците Учениците го идентификуваат проблемот со „постојаното мнозинство“ и предлагаат решенија.
Материјали и извори Материјал за ученици 7.1: модел-случај (една копија по ученик), маркери, хартиена табла.
Метод Индивидуална работа, групна работа, пленарна дискусија.
Временски буџет 1. Вовед: искажување на проблемот – 15 мин.
2. Поставување на задачата – 20 мин.
3. Работа во групи – 10 мин.

Информационо поле

Овој час ги запознава учениците со проблемот мнозинство/малцинство. Преку фиктивен случај, проблемот се претставува на наједноставниот можен начин. Спортскиот клуб се гледа како микро-заедница која се состои од две групи, една голема и една мала. Проблемот кој се решава – како да се балансираат правата на мнозинството и малцинството – е исто како и во општеството и во политичката заедница.

Опис на лекцијата

1. Вовед: искажување на проблемот

Наставникот објаснува дека часот ќе почне со еден случај. Тој/таа ги дели материјалите за ученици 7.1 и еден ученик ја чита сторијата на глас. На почетокот на часот, овој начин на презентација ги здружува учениците повеќе отколку читањето во себе.

Наставникот прашува едно прашање:

„Што е проблемот?“

Тој /таа им кажува на учениците да размислат за прашањето неколку секунди и да го  запишат одговорот. Оваа задача им дава шанса на „бавните размислувачи“(кои често се внимателни размислувачи) или поинтровертните ученици да придонесат за дискусијата.

Во пленарната рунда учениците ги даваат нивните информации базирани на нивните забелешки. Наставникот слуша и ги охрабрува учениците да ги објаснат нивните идеи прецизно („активно слушање“). Откако околу 10 ученици земале збор, наставникот ги запишува клучните искази на таблата. Се очекува учениците да се осврнат на клучниот принцип на демократијата, кој изгледа дека е во корист на поголемата група, додека пак помалата група може да се осврне кон принципот на недискриминација (еднаквост). Наставникот ги поврзува идеите на учениците со овие категории, кои потоа даваат структура и јасност на дискусијата:

Мала заедница: спортскиот клуб
Проблемот Предложени решенија

Прекршување на еднаквите права

Чувство на дискриминација (прекршување на еднакви права)

Постојани победници и губитници („постојано мнозинство“)

Интересите на малцинството мора да се почитуваат (компромис)

Шахистите го напуштаат клубот (сценарио на неуспех)

Демократијата во прашање

Мнозинството одлучува – губитниците не се согласуваат

Промена на дефиницијата за мнозинство

Учениците треба да бидат свесни дека ваквиот конфликт бара некакво решавање. Заминувањето на шахистите би ги повредило интересите на сите. На пример, секој клуб би морал да се справи со додатните трошоци. Затоа вреди да се потруди за решение кое ќе ги задоволи двата принципа на демократијата и еднаквоста

2. Поставување на задачата

а. Проблемот

Учениците веројатно сфатиле дека случајот е модел кој ги покажува проблемите во општеството и затоа проблемот со малцинството/мнозинството има политичка димензија. Со проучувањето на моделот наместо реалноста, проблемот станува појасен и задачата полесна. Резултатите од овој модел-случај потоа можат да се применат – и споредат со реалноста. Наставникот ја истакнува оваа врска меѓу случајот и реалноста, бидејќи тоа ја објаснува целта на задачата.

Мора да се почитуваат два принципа: праведност и демократија

Од една страна, проблемот со мнозинството/малцинството мора праведно да се реши – малцинството нема да прифати да е постојано надгласано, а неговите интереси и потреби да се игнорирани. Од друга страна, демократијата значи дека мнозинството со право инсистира на земање на работите во свои раце. Затоа учениците мораат да направат статут кој ќе ги здружи овие два принципа. Наставникот ги дели материјалите за ученици 7.2 и 7.3 на учениците и им дава вреем да го читаат материјалот 7.2 во тишина. Во кратка пленарна рунда учениците ги поврзуваат основните пристапи претставени во  мат. 7.2 со нивните идеи на табла.

б. Очекуваното решение

Учениците треба да знаат што треба да сторат. Во мали групи, учениците ќе изработат предлог-статут кој ги има правилата за надминување на случајот со „постојаното малцинство“ кое е постојано надгласувано. Тие можат да вклучат правила за донесување одлуки и можеби правила за дистрибуција на средствата. Учениците треба да се свесни за фактот дека спортскиот клуб е микро-заедница и нивниот статут го претставува уставот на една држава. Наставникот и учениците се осврнуваат на материјалот за ученици 7.3 за појаснување на понатамошни прашања за задачата, ако е потребно.

в. Процедурата

Наставникот ги објаснува техничките аспекти на задачата. Учениците формираат групи. Нивните раководители на ресурси се повикуваат да ги соберат маркерите и таблите и наставникот им сугерира на раководителите групите да се готови до крајот на вториот час.

Наставникот го копирал листот со клучни прашања од материјалот за ученици 7.3 за на табла (видете ја лекцијата 3 подолу). Тој/таа имобјаснува на учениците дека клучните прашања ќе бидат примерите според кои ќе се оценуваат и споредуваат идеите на учениците.

3. Работа во групи

Учениците формираат групи од четири до шест. Тие го користат преостанатото време на првиот час и продолжуваат со вториот час.Наставникот може да им предложи на раководителите на групите да се состанат на крајот на часот за да се види напредокот на групите.