Метод 7: Интерпретирање на слики

Living Democracy » Textbooks » Метод 7: Интерпретирање на слики

Сликите исто како и текстовите содржат многу информации. Следните прашања и совети ќе ти помогнат да ги интерпретираш и да ги разбереш сликите.

Откривање на информации во сликите

  • За кој вид на слика се работи (фотографија, плакат, уметничка слика, резба, портрет, пејсаж, карикатура, графика, колаж итн.)?
  • Што можеш да препознаеш на сликата?
  • Опиши ја сликата со три реченици!
  • Каде сликата била обоена/нацртана или фотографирана?
  • Од која перспектива го гледаш предметот на сликата: од горе (птичја перспектива), од долу (жабја перспектива) или „нормално“?
  • Кој временски период (минато, сегашност) е претставен на сликата?
  • Кое годишно време или дел од денот е претставен на сликата?
  • Колкав е отсликаниот предмет/лице во реалноста?
  • Што е поголемо или помало од нормално?
  • Која е најважната боја на сликата?
  • Што е претерано или нагласено претставено на сликата (на пр. гестови, израз на лицето, светло/темно, пропорции, преден план/заднина, обоеност, движење/неподвижност)?
  • Кај апстрактните слики: Кои мостри и форми и кое распоредување го препознаваш?

Разбирање на сликите

  • Што сметаш дека е особено значајно или зачудувачки на оваа слика?
  • Што ти се допаѓа на оваа слика, што не?
  • Што е типично за сликата?
  • Како се чувствуваш при набљудувањето?
  • Кој е за тебе најубавиот дел од сликата?
  • Кои зборови ти паѓаат на памет при набљудувањето на сликата?

Дискутирање за сликите

  • Опиши ја опширно и што е можно поточно сликата.
  • Објасни му некому, што во оваа слика е експресивно, упадливо или важно.
  • Поставувајте си меѓусебе прашања за сликата.
  • Давајте си меѓусебе наредби како: побарај, најди, покажи, објасни …
  • Дискутирајте прашања како: Зошто оваа слика веројатно е насликана/нацртана/фотографирана? Кој наслов и кој краток текст би одговарал на оваа слика?
Работење со сликите
  • Избери една слика и одиграј ја сцената које е отсликана на неа.
  • Замисли си лице од сликата, опиши од негова перспектива, што гледаш, што слушаш, што мирисаш и што чувствуваш!
  • Што би можело да се промени на сликата?
  • Спореди историски слики со сликите кои ти ги имаш.
  • Замисли си дека твојата слика е еден дел од една приказна по слики. Кои би можеле да бидат сликите предходно и после тоа? Нацртај ги или опиши ги со зборови.
  • Побарај други слики или фотографии на истата тема.
  • Спореди ги сликите и дај мислење за нив. Дали ти се допаѓаат? Доколку не, зошто не?
  • Размисли и опиши што би се случило кога сликата одеднаш би оживеала!
  • Додај текст со пополнати облачиња.
  • Опиши ги мирисите и звуците кои ти паѓаат на памет при набљудувањето.
  • Обиди се да дознаеш нешто за сликарот или фотографот од кого потекнува сликата. Кога тој живеел; дали бил маж или жена; што би можеле да значат неговите животни и временски околности за исказот на сликата?

Интерпретирање на слики

  • Кој наслов би му го дал на сликата?
  • Што сакал уметникот или фотографот да искаже со оваа слика?
  • Како би можел да ја резимираш пораката или исказот на сликата?
  • Зошто сликата била насликана/нацртана/фотографирана?
  • Какви други слики или фотографии би одговарале добро со оваа тема?
  • Што ти самиот би нацртал, обоил или фотографирал на оваа тема?