Наставна единица 7 (Основно училиште, 7 одделение) – Дали тоа што јас го сакам е всушност она што ми треба?

Living Democracy » Textbooks » Наставна единица 7 (Основно училиште, 7 одделение) – Дали тоа што јас го сакам е всушност она што ми треба?

А    Грубо планирање

 

Клучни прашања/тема

Клучни активности

Материјал

Активност 1

Што се моите желби?

Учениците ги рефлектираат нивните приоритетни желби и меѓусебно си ги објаснуваат.

Слики за формирање на групи

Активност 2

Што им треба на луѓето?

Што би било убаво да се има?

Учениците учат да разликуваат помеѓу потреби и желби односно помеѓу основни потреби и други желби во врска со нивното самоостварување.

Стари весници; ножици; лепило; хартија; врвца; штипки

Активност 3

Што се желби, што се потреби?

Групата односно одделението се усогласува на 10 најважни потреби и желби.

(Материјали донесени од учениците)

Активност 4

Дали правата на децата соодветствуваат со нашите претстави за потреби и желби?

Учениците ги спореду-ваат нивните предлози со правата на децата и прават презентација на плакати на Меѓународниот ден на правата на децата.

Конвенцијата за правата на децата како копија за секоја група; хартија за флипчарт

 

Б    Основа и наставни цели

Само она што се поврзува со сопствената реалност може добро да се разбере. Со цел да ги разберат детските и човековите права и што всушност претставуваат тие, учениците најпрво треба да размислат за себе си, за нивните лични потреби и желби. Тие мора да станат свесни за тоа што тие очекуваат од нивниот животот во нивната моментална ситуација.

Во првиот чекор тие треба да размислат и да смеат да се изразуваат за тоа слободно и нецензурирано (колку и да звучи тоа лудо).

Во вториот чекор треба да размислат за тоа кои се, од нивен аспект, разликите помеѓу вистинските (основни) потреби и желбите во нивниот животот (во англискиот се разликуваат поимите „wants“ и „needs“). Овој начин на размислување ќе ги води учениците со голема веројатност спонтано до многу права кои се опфатени во Конвенцијата за правата на децата.

V5_P36

Кај двата чекора важно е наставникот да ја поттикнува и да ја модерира дискусијата, притоа се разбира дека треба да внимава на тоа да не сака учениците да ги убеди морализирачки во сопствените вредности и норми. Напротив треба да се прифати дека дискусијата која се води во оваа рамка ќе предизвика самите да откријат спротивности во нејзините концепти и вредности и да се обидат да ги појаснат.

Време на спроведување на оваа наставна единица: Се претпочита тоа да биде на почетокот од ноември како би можеле плакатите кои ќе се изработуваат во активност 4 да бидат готови и да се изложат на Денот на правата на децата (20. ноември)

В    Клучни прашања за рефлексија на седмата наставна единица

Доживување на правата на децата

Запознавање на правата на децата

Остварување на правата на децата

Наставник

Како се води сметка за принципите на правата на децата во училницата и во училишната заедница?

Што сега учениците знаат за правата на децата?

Да се научи како може да се преземе нешто активно надвор од училиштето: Што учениците научија за нивната иднина?

Оваа наставна единица им нуди можност на учениците да ги изразат нивните лични желби и потреби. Тие стекнуваат искуство дека некој навистина ги слуша и ги сфаќа сериозно. Тие учат да разликуваат помеѓу егзистенцијални потреби, потреби неопходни за преживување од една страна и желби од друга страна.

Учениците разбраа дека кај правата на децата се работи за основни потреби кои се важни за да се преживее.

Учениците треба да станат свесни дека секојдневно ќе се конфронтираат со клучни прашања за животот и дека општеството не им ги нуди на сите негови членови истите услови за појаснување на овие прашања.

Тие треба да научат да се заземат за нивните желби, но истовремено и да ја сочуваат критичката дистанца кон нив.

Ученици

Како ги доживеав детските права во наставата?

Што јас научив за правата на децата?

Што можам сега активно да превземам?

Јас можам да ги искажам моите желби само ако можам да им верувам на наставникот и на моите соученици. Јас научив дека се исплаќа да се зборува отворено за тоа и да се доживее со другите, како што тоа го прават и другите.

Научив дека детските права се однесуваат на нашите најважни потреби: учество, развој, преживување и заштита – и дека тие се многу поврза-ни со мојот секојдневен живот.

Ќе се обидам да разликувам помеѓу самите желби и (основните) потреби. Нема да ги сокривам или негирам моите желби и соништа, туку ќе се обидам да ги остварам без да ги загрозам потребите на другите луѓе.

Г    Микро планирање

Активност 1

Вовед: Наставникот информира дека исто и во седмо одделение новиот степен (секундарен I) Правата на децата секоја година ќе бидат тема на некои лекции односно на мал проект. Краток разговор со учениците од одделението што тие во врска со ова знаат од основното училиште, одделенската настава; Повторување на најважните факти (спореди наставна единица 3, активност 2 и наставна единица 4, активност 1: настанување; најважните права на децата; евентуално врска со човековите права).

Најава: Оваа година треба да се работи на темата желби / (основни) потреби.  Кратко објаснување на поимите во врска со ова, примери од учениците за двете категории; најважните разлики; како би можела оваа тема да има врска со правата на децата?

Составување на групи: Наставникот исекол неколу слики од пејсажи, автомобили од соништата, модерна облека или атрактивни одморалишта и тоа секоја на 4 дела и ги дели сега по принцип на случајност. Учениците мора да ги најдат нивните колеги кои имаат дел од сликата. Тие заедно сочинуваат една работна група. Доколку поради бројот на ученици има групи со три или пет лица, наставникот ги сечи сите или поединечни слики на соодветно помалку или повеќе парчиња.

Секоја група избира по еден говорник и еден менаџер. Говорникот ќе им зборува во пленум на останатите групи како претставник на сопствената група и тој е одговорен коректно да го изрази мислењето на групата. Менаџерот на групата е одговорен за процесот на работа, гледа сите членови да бидат вклучени и внимава на времето.

Групите добиваат задача да ги дискутираат следните точки и да запишат белешки:

  • Кои се денес вашите најголеми желби, што би ве направило посебно среќни?
  • Кои се вашите најголеми желби и соништа за во иднина (за времето кога ќе имате 25 години)?
  • На кои желби од вашиот живот можете да се сетите? Кои беа вашите најголеми желби кога вие имавте 5, 7, 9, 11 години, што вас тогаш би ве направило посебно среќни?
  • Какви желби имаат возрасните кои вие ги знаете (родители, познаници, други)?

Секоја  група запишува листа на желби подредени според возраста во форма на табела (лист А3 евент. А2). Во зависност од нивото на одделението им се препуштаат деталите на обликување на табелата на учениците или за обликувањето на табелата добиваат зададени прописи. Листот треба да има наслов кој самите ученици ќе го определат.

Листовите ќе се обесат како минипостери; говорниците од секоја група кратко ги презентираат резултатите. Евентуално, импулси од страна на наставникот за аспекти како половоспецифични желби; реални/утопистички желби итн.

Задача за втората активност (неколку дена подоцна): да се донесат слики кои се соддветни на темата желби и потреби (списанија, каталози, проспекти итн.), како и евент. штипки за алишта (доколку во училиштето нема околу 60 парчиња).

Активност 2

Вовед: Кратка рекапитулација на она што е направено во последната активност. Тогаш се работеше за нашите моментални и поранешни желби. Денес сакаме да се осврнеме повеќе на разликата помеѓу желбите (чие исполнување би било убаво за нашето самоостварување) и (основните) потреби (чие остварување е повеќе или помалку неопходно за преживување). Неколку примери за тоа!

Учениците продолжуваат со работата во групи. Задача: најпрво да се дискутираат следните прашања:

  • Што ние со задоволсво би сакале да имаме – што би било убаво да се има? Од аспект на што (желби)?
  • Што навистина ни треба; зошто (егзистенцијални потреби)?

Како помош за спонтаните мисли и размислувања може донесениот материјалот од слики да се погледне како дополнителен поттик, пред сѐ, во областа на желбите.

Задача на групите откако им се поделени листови А3 формат,

а) да се претстави табела со најмалку пет (основни) потреби (глад, грижа, заштита, другари, образование, топлина итн.) и пет убави желби за самоостварувањето (сопствен ТВ, одмор на Малдивите, Порше итн.);

б) Да се исечат слики за двете категории и (евент. како задача) да се побараат други слики. Сликите треба назад или долу да се обележат со ОП (основни потреби) т.е. Ж (желба).

Активност 3

Задача на групите: Ставете ги сите ваши слики за желбите и основните потреби  пред вас. Договорете се потоа демократски за пет слики кои одговараат на основни потреби, за кои сметате дека се посебно централни. Потоа договорете се за пет слики кои претставуваат желби, кои посебно би сакале да ви се исполнат.  Гледајте на сите членови од групата да им бидат испочитувани барањата! (За избор на сликите за двете категории може на секој член од групата да му се дадат по пет поени по категорија, кои тој ќе ги стави на сликите кои тој ги претпочита. Десетте слики со најголем број поени се избираат.)

Дискусија и изнаоѓање на консензус во групите. Следна задача: Земете едно парче јаже (околу 4 метра долго) и десет штипки за алишта. Растегнете го јажето на соодветно место и прицврстете ги вашите слики на следниот начин:

  • Лево сликите од предмети кои ни се потребни за воопшто да можеме во достоинство да живееме (основни потреби).
  • Десно сликите од предмети кои би го направиле нашиот живот попријатен (желби).

(Може да се замисли некои слики да се стават и во средината).

Презентација во одделението, евентуално од наставникот модерирана завршна дискусија за разни аспекти (пол; разлики во тоа што кај нас или во една многу сиромашна земја се вбројува во основни потреби итн.)

Активност 4

Секоја група добива пет празни А3-листови како и копија од правата на децата – или од канадската верзија (спореди „Кажи со право!“ во прилог) или скратена верзија од Конвенцијата од 1989 од страна на наставникот (види прилог). Продолжување со работа согласно следните задачи:

  • Земете ги вашите десет слики од минатиот пат в рака. Во фокус се петте слики за основните потреби.
  • Читајте ги наизменично во групата правата на децата на глас (секој да дојди на ред), размислете за секое право дали се однесува на една од потребите од вашите пет слики (или евент. на една од желбите од другите пет слики).
  • Земете ги петте празни А3 листа и обликувајте ги на следниот начин: лево или горе во средината залепете една од петте слики кои ги избравте за основни потреби, десно или долу напишете ги правата  на децата кои одговараат на сликата. За некои слики сигурно одговараат повеќе од едно право на децата!
  • Обликувајте ги петте листа по можност убаво (како „минипостери“); на 20. ноември (Денот на правата на децата) тие треба да се изложат во училишната зграда.

Презентација/Дискусија на пет групни-минипостери во одделението. Заклучна дискусија за прашањата како: Колку нашите размислувања за основните потреби на децата се поклопуваат со она што Конвенцијата за правата на децата го кажува во врска со тоа?

Појаснување на модалитетот на изложбата со групните плакати на 20. ноември.