Глава 2 – Појаснување на вредностите

Living Democracy » Textbooks » Глава 2 – Појаснување на вредностите

V6_P19&93

Вовед

Во модерното општество, ние можеме – и мораме – да ги одбереме вредностите кои сметаме дека се за нас важни или значајни. Со правењето на вакви избори, ние ја практикуваме нашата слобода на личност, размислување и верување, а исто така и нашата слобода на изразување кога јавно ги искажуваме нашите погледи. Затоа вежбите во оваа глава се за еден клучен принцип на човековите права – слободата на личност или индивидуалност.

Како што покажува илустрацијата, личната слобода доаѓа со потребата да се избира. Слободните луѓе можат да бидат многу осамени луѓе. Никој не може, ниту пак треба да ни кажува во што да веруваме и кои вредности да ги избереме. А ние мораме да направиме избор – инаку како би знаеле што е битно во животот? Затоа изборот на вредности е клучен проблем за младите луѓе во нивниот труд за да го одговорат прашањето: Кој сум јас? Кој е мојот идентитет?

Од друга перспектива, според потребите на општеството како целина, гледаме дека слободата на поединецот доведува до плуралистичко општество, со членови кои почитуваат исти вредности и верувања. Плурализмот може да биде извор на конфликт. Ова го создава прашањето – Од кои вредности зависат нашата демократија и општество?(на пр. вреднувањето на компромисот, ненасилство или интегрирање на малцинствата.) Како правило, ако членовите на општеството успеат во согласувањето за правилата на мирно, ненасилно преговарање и одлучување, тие можат да наидат на голема контроверзност поврзана со нивните погледи и интереси.

Сите овие прашања се подеднакво битни во микро-општеството на еден училишен клас и во општеството како целина. Во демократска заедница, ниеден поединец или орган нема право да ги одреди вредностите за сите. Наместо тоа, граѓаните ќе преговараат за минимална согласност за некои вредности. Затоа не е задача на наставникот да ги одреди вредностите во однос на политичка коректност или одредена партија, верување или идеологија. Учениците треба да научат како да ја искористат нивната слобода на размислување и како да ги споделуваат нивните избори со други.

Овие вежби им помагаат на учениците со тоа штоќе ги развијат нивните преговарачки вештини. Тие стануваат свесни за основниот принцип на двонасочност. Тие разбираат дека нашиот избор на вредности е многу поврзан со нашата социјална ситуација и нашите интереси. Во секоја вежба, тоа како учениците дискутираат – мирно и со заемна почит – е од иста важност како што е темата на дебата во која се за или против.