Вежба 1.1. – Спарување на картички

Living Democracy » Textbooks » Вежба 1.1. – Спарување на картички
Образовна цел Оваа вежба им овозможува на учениците меѓусебно да контактираат на незаканувачки начин.
Белешка за употреба Наставниците можат да ја користат оваа вежба за да ги одредат потребите за учење и очекувањата од ученичката група.
Ресурси Комплет картички кои прават парови.

 

Процедура

  1. Наставникот ги дели картичките по случаен избор и им вели на учениците да ја најдат нивната друга половина.
  2. Кога ќе ја најдат другата половина (која е кај друг ученик), учениците посветуваат 5-10 минути за да ги разменат нивните основни лични информации:
    • нивното име
    • нивното семејство
    • каде живеат
    • нивното омилено животно, поп-група, фудбалски тим, боја итн.
  3. Учениците се враќаат на пленарната сесија. Секој ученик може кратко да го претстави неговиот партнер на останатата група.1
  4. Учениците седат во круг од столчиња. За да се предизвика повратна информација, наставникот ги охрабрува учениците да коментираат за тоа што било ново за нив или посебно интересно.

Продолжение

Оваа активност може да се продолжи со замолување на учениците(на пример во основното образование) чија омилена боја е црвената да седнат заедно, а така можат да се формираат мали групи за дискусија.

Варијација

Учениците истражуваат различни начини на презентирање на нивните информации, на пример преку мимика, со правење на постер како „реклама“ за нивниот партнер или преку пишување стихови.

Материјали

На комплет картички се пишува и црта предмет кој има пар на друга картичка.

Картичките треба да имаат и текст и слика, со што помладите ученици и тие со потешкотии во учењето би можеле целосно да учествуваат.

Роза – трн Ден – ноќ Нож – виљушка Чевел – чорапа
Светло – темно Сол – бибер Пенкало – хартија Маса – столче
Топло – ладно Високо – ниско Силно – слабо Горе – долу
Вклучено – исклучено Отворено – затворено Големо – мало Брзо – бавно
Чисто – валкано Рапаво – мазно Запри – оди Старт – цел
Добро – лошо Да – не Пријател – непријател Дебело – тенко
Сонце – месечина Брат – сестра Машко – женско

 

1. Ова треба да се објасни кога се претставува вежбата, за учениците да можат да одлучат колку лични информации сакаат да кажат.