ТЕМА 7: ЕДНАКВОСТ

Living Democracy » Textbooks » ТЕМА 7: ЕДНАКВОСТ

Владеење на мнозинството – фер владеење?

Вовед за наставници

Во демократијата, мнозинството одлучува а малцинството мора да ја прифати одлуката. Поради тоа што одлуките во демократијата се привремени и отворени за ревизија, малцинството може да прифати да биде надгласано. Но што се случува ако малцинството стане „трајно малцинство“ – ако е постојано надгласано? Критичарите ја нарекуваат оваа ситуација „тиранија на мнозинството“.

Оваа тема се концентрира на овој проблем, кој е клучен проблем во демократиите. Тој бара решение, бидејќи социјалната кохезија е во опасност ако групите во општеството имаат впечаток дека нивните интереси постојано се игнорираат.

Учениците анализираат модел – случај за спортски клуб во кој две групи, една мала и една голема, расправаат како треба да се троши буџетот на клубот. Проблемот е помалку комплексен одошто во вистинското општество, но основниот проблем е истиот. Учениците се обидуваат да го решат проблемот со создавање на статут. Можни се различни пристапи и тие исто така се користат во создавањето устави – давање право на автономија на малцинствата (федерален или кантонален модел) и со поставување на стандарди за човечко достоинство и заемно признавање, човековите права ги ограничуваат одлуките на мнозинството. Сепак, ниедна група од правила не обезбедува сигурност малцинствата да се третираат фер, а да се почитува војлата на мнозинството. Демократиите зависат од културата на одговорност и заемна почит, или како граѓаните се третираат едни со други по нивна слободна волја.

Затоа алатките кои учениците ги развиле им овозможуваат способност подобро да разберат како се решава проблемот со мнозинството/малцинството во нивната земја. Се предлага истражувачка задача како продолжение и пракса.

Развивање на компетенции: упатувања до другите теми во оваа книга

Што покажува оваа табела

Насловот на овој прирачник, Учество во демократијата се концентрира на компетенциите на активниот граѓанин во демократијата. Матрицата го покажува потенцијалот за дополнување помеѓу темите во овој прирачник. Матрицата покажува кои компетенции се развиваат во 7-мата тема (засенчениот ред во табелата). Колоната која е со задебелена рамка ги покажува компетенциите за донесување политички одлуки и делување – таа е задебелена поради блиските врски со учеството во демократија. Редовите подолу ги означуваат врските со други теми во овој прирачник: кои компетенции што ги поддржуваат учениците во 7-мата тема се развиваат во овие теми?

Како може да се користи оваа матрица

Наставниците може да ја користат оваа матрица како алатка за правење план за часовите по ОДГ/ОЧП на различни начини.

  • Оваа матрица им помага на наставниците кои имаат само неколку часа да ги посветат на ОДГ/ОЧП: Наставникот може да ја одбере само оваа тема и да ги изостави другите, бидејќи тој/таа знае дека некои од клучните компетенции до одреден степен се развиваат во оваа тема – на пример, преземање одговорност, анализа на проблем, вештини на преговарање.
  • Матрицата ги потсетува наставниците на потенцијалот за дополнување кој помага за учениците постојано да се обучуваат, во битни области и различни контексти кои се поврзани на многу начини. Во овој случај наставникот бира и комбинира повеќе теми.
Теми Димензии на развојот на компетенции Ставови и вредности
Политичка анализа и расудување Методи и вештини Учество во демократија
Донесување политички одлуки и делување
7 Еднаквост Клучниот проблем околу балансирање на правата на мнозинството и малцинството во демократијата
Човековите права ги заштитуваат малцинствата и индивидуалците
Федералните и кантоналните институционални модели ги штитат малцинските права
Анализирање и решавање на политички проблем Презентирање и расправање за идеи и решенија
Донесување одлука
Заемно признавање
2 Одговорност Заемно признавање
1 Идентитет Правење избори и одредување на приоритети
4 Конфликт Конфликт на интереси
5 Правила и закон Институционалните рамки во демократијата го поддржуваат ненасилното решавање конфликти Создавање на институционална рамка за решавање на конфликти во општеството Почит кон мирољубиви начини на решавање конфликти.
3 Разноликост и плурализам Плуралистичкото општество се состои од малцински групи со различни интереси Преговори

 

ТЕМА 7: Еднаквост – владеење на мнозинството – фер владеење?

Како да го решиме проблемот со мнозинството/малцинството во демократијата?

Тема на лекција Стручно оспособување/цели на учење Задачи на ученикот Материјали и извори Метод

Лекција 1

Мнозинството секогаш владее – во ред?

Анализа на проблем.
Проблемот со „постојаното мнозинство“.
Учениците го идентификуваат проблемот на „постојаното мнозинство“ и предложуваат решенија. Материјал за ученици 7.1 (модел-случај), маркери, хартиена табла. Индивидуална работа, работа во групи, пленарна дискусија.

Лекција 2

Како да се балансираат интересите на мнозинството и малцинството?

Работење во тим, управување со време, решавање проблем.
Правилата,законите и уставите се алатки за решавање проблеми и справување со извори на конфликт во општеството. Ова е оправдувањето за владата и авторитетот. Но, тие исто така можат да задоволат одредени интереси.
Учениците прават статут за справување со проблемот на мнозинството/малцинството во микро-заедницата. Материјал за ученици 7.1-7.3.
Харт. табли и маркери.

 

Работа во групи.

Лекција 3

Предлог-статути

Правење кратки презентации, споредување и оценување идеи и размисли.
Создавањето институции вклучува критериуми како што се изводливост, праведност и стабилност.
Учениците ги истражуваат критериумите засоздавањето на институции. Тие прават презентации и ги споредуваат нивните идеи. Материјал за ученици 7.4
Матрица за презентациите на учениците (табла или хартиени табли).

Хартиени табли; листови А4; маркери; лепило или селотејп.

Групни презентации, пленарна дискусија.

Лекција 4

Што е добар начин да се владее со демократска заедница?

Расудување: балансирање на критериуми.
Дијалектиката меѓу демократијата, праведноста и ефикасноста.
Учениците ги оценуваат предлог-статутите и ги објаснуваат нивните размисли. Табла или хартиена табла. Презентации, дискусија.

Продолжение:

Истражувачка задача
Проблемот со мнозинството/мал-цинството во нашата земја

Работење. Истражувачка задача:
1. Примери за малцинства кои се надласани.2. Заштита на малцинствата во нашата земја.
Устав; додатни материјали (печатени медиуми, статистика, интернет. Индивидуална работа, групна работа.
Презентации на проект.