Вежба 8.7. – Малцинства

Living Democracy » Textbooks » Вежба 8.7. – Малцинства
Образовни цели Учениците разбираат дека чувството на исклучување може да е резултат на тоа како ве гледаат другите членови на општеството, а поважно – како ве гледаат членовите на вашата група.
Ресурси Позитивни и негативни картички за секоја група.
Два големи листови хартија за секоја група, еден со зборот „ЧУВСТВА“ а другиот со зборот „ДЕЛУВАЊА“.
Маркери.

Процедура

На почетокот од играта, битно е учениците да не знаат што претставуваат, во спротивно тие веднаш ќе искористат однапред создадени идеи кои ќе го нарушат текот на играта.

Играта е пример на внимателно и комплексно правење рамка од наставникот. Во самата строга рамка, учениците имаат голема слобода да ги развиваат и изразат своите идеи и искуства.

  1. Учениците прават групи од 4-6 ученика.
  2. Секоја група добива комплет на позитивни картички, маркери и двата листа хартија. Наставникот им вели да назначат пишувач кој ќе ги запише коментарите и реакциите на групата на хартија. Исто така може и сите членови да ги запишуваат своите реакции.
  3. Наставникот им вели на учениците дека нема да се претставуваат самите себеси во вежбата, туку ќе бидат членови на малцинска група. Во моментот, тие треба да да се интересираат кои се, но исто така да сметаат дека пораките на картичките ги опишуваат нив и нивната ситуација.
  4. Еден по еден, учениците читаат една од картичките на другите во групата. Кога ќе ги прочитаат сите шест картички, тие ги пишуваат одговорите за прашањето, „Како се чувствувате како член на оваа група? на листот за „ЧУВСТВА“.
  5. Наставникот ги дели шесте негативни картички на секоја група, и го повторуваат чекорот 4.
  6. Наставникот им вели на учениците да го одговорат следното прашање, “Што би правеле вие ако бевте во слична ситуација?“. Одговорите треба да се пишуваат на листот за „ДЕЛУВАЊА“. Учениците треба да запаметат дека сè уште се истата група која ги изрази чувствата на првиот лист. Можеби нешто што го запишаа на тој лист ќе им помогне да одлучат како да реагираат.
  7. Пленарна сесија:
    • Секоја група ги претставува чувствата кои ги запишаа на првиот лист на остатокот од класот.
    • Кога сите групи ќе го завршат првиот дел, наставникот им вели да ги претстават предлозите од листот на „ДЕЛУВАЊА“. Класот треба да ги согледа конструктивните делувања, насилните дејствувања и разликите меѓу и во самите групи.
  8. Наставникот ги прашува учениците како работеле во групата и дали имале некои проблеми (соработка, лидерство, итн.) и што мислат дека научиле од вежбата: за самите нив, нивните реакции и групата. Дали можат да остварат врска меѓу малцинската група која ја претставуваа и други групи кои можеби ги знаат?
  9. Конечно, наставникот им кажува на учениците дека групата која ја претставуваа се Ромите.

Продолжение

Учениците ги споредуваат нивните идеи со Конвенцијата за елиминација на сите форми на расна дискриминација.10 Учениците исто така можат да истражат дали опишаната ситуација кореспондира со таа во нивната држава, кои мерки ги презема власта и кои од мерките кои тие ги предложиле ги содржи конвенцијата.

Материјали

Комплет на позитивни и негативни картички

Нашите куќи не се како на другите луѓе. Тие се посебни и ние многу ги сакаме. Ние сакаме да ја негуваме нашата традиција. Телевизијата и печатот не ја кажуваат вистината за нас. Тие велат дека сме проблем. Тие не ни даваат да ја кажеме нашата приказна.
Ние имаме многу вештини. Правиме секакви врсти на рачна работа и занаети. Нашата работа е голем придонес за земјата во која живееме. Некои луѓе лошо не третираат и ни даваат погрдни имиња. Некогаш не напаѓаат без причина. Илјадници наши луѓе беа убиени во странство, во скоро време.
Во минатото, нашите луѓе правеле многу храбри дела. Сакаме да ја паметиме нашата историја. Немаме водовод, нашето ѓубре ретко се собира.
Ние сме многу независни. Сакаме да се грижиме самите за себе. Не должиме ништо никому. Некои доктори не сакаат да не прегледаат кога сме болни. Тешко ни е да имаме здравствено осигурување.
Ние сакаме да се собираме и да раскажуваме приказни и пееме песни. Сметаме дека многу е важно да се ужива во животот. Луѓето не не сакаат во нивното соседство. Некои луѓе не ни даваат работа поради тоа што сме.
Ние сакаме да живееме близу до семејството и пријателите. Ние добро се грижиме за постарите во нашата заедница. Ги обожуваме нашите деца. Некогаш имаме проблеми со полицијата и општинските власти поради местото на кое случајно сме.

10. Конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации на 20ти ноември 1963-та. Текстот е достапен на интернет.