Материјал за ученици 3.3: Создавање на политичка партија

Living Democracy » Textbooks » Материјал за ученици 3.3: Создавање на политичка партија

1. Предлог – агенда

  1. Изберете претседавач, говорник, раководител на време и два записника (видете ги упатствата за улоги  подолу).
  2. Согласете се на предлог – агендата – со или без измени (гласање на мнозинството)
  3. Што не спои заедно?
    • Кој е мојот основен приоритет? Исказ од секој член, без дискусија.
  4. Одредување на политичкиот профил на нашата партија:
    • Кој е нашиот политички поглед: Дали сакаме да усвоиме еден од основните четири погледи? Или дали сме некаде помеѓу? Дали мораме да одредиме нов поглед?
    • Кои се нашите главни грижи? На пример, дали се грижиме за некои одредени групи? Или дали одредуваме клучен проблем или прашање? На кое ниво работиме – локално, национално, европско, глобално?
    • Какво име ќе и дадеме на партијата? Кое име највеќе го изразува нашиот профил? (Прикажете го вашето име на вашата табла на ѕидот.)
  5. Цели: кој е нашиот најголем приоритет? Дали имаме други цели?
  6. Стратегија: како да ја освоиме поддршката?
    • Кој ги има истите цели – кој го има истиот поглед?
    • Дали сме спремни на компромис? За што имаме јак став?

2. Упатства за улогите

Претседавач

Во демократската заедница, организациите како што се политичките партии мораат да функционираат како демократски микро-заедници (видете го материјалот за ученици 3.1). Вашата задача е да се осигурите дека се внимава на процедурата и човековите права на вашите состаноци. На пример, секој има еднаква шанса за изразување на неговото мислење.

Вие сте одговорни за агендата на состанокот. Ако дискусијата стане прекомпликувана поради тоа што се зборува за повеќе проблеми во исто време, го истакнувате ова на групата и предложувате кој проблем да се обработи прв.

Говорници и записници

Вие сте „раководители со публицитетот“ и сте одговорни за „производот“ кој има смисла и добро се „продава“ – името на вашата партија, искажување на вашата цел или цели. Дали другите луѓе лесно ќе ве разберат? Дали вашиот изглед ќе им се допадне?

Вие ќе ја претставувате партијата на настанот за публицитет во 3-тиот час.Обидете се да им се допаднете на учениците кои се немаат приклучено во партија и обидете се да ги освоите членовите од други партии, посебно тие кои се најблиску до вашите погледи. Проверете кај наставникот за тоа колку време имате.

Групата треба да размисли на која начин записниците, а можеби и сите членови на партијата, можат да придонесат за рекламирањето, пр. со правење на флаер или постер. Проверете кај наставникот за тоа кои материјали ви се на располагање, или сами снабдете ги.

Раководител со време

Претседавачот е „раководител на демократијата“, а вие сте „раководител на ефикасноста“. Вашата задача е да внимавате на времето кое го трошите на состанокот за вашата група да не остане без време.

Совети: предложете да се додаде временска рамка на агендата пред да започнете. Интервенирајте ако групата почнува да доцни и предложете како да се прилагоди планот. Групата решава што ќе стори, но вие ги давате можностите.