Час 3: Права и одговорности

Living Democracy » Textbooks » Час 3: Права и одговорности

Како можат да постојат права без одговорности?

Цел на учењето Учениците сфаќаат како тие можат да придонесат во заштитувањето на човековите права.
Учениците сфаќаат дека човековите права се
поврзани со одговорности – одговорности на
државата и на институциите, како и нивни морални одговорности.
Задачи за учениците Учениците идентификуваат одговорности за да ги
заштитат човековите права, вклучувајќи го и
нивниот личен придонес.
Материјали Празен лист хартија и пенкало.
Материјал за учениците 5.4. за секој пар ученици.
Материјал за учениците 5.2. за секој пар ученици.
Метод Работа во парови или групна работа.
Критичко мислење.

Информации за темата

Едно човеково право не може да биде почитувано ако поединецот или власта не преземат одговорност за негово остварување. Иако владите се одговорни за тоа, во овој случај, постои силна потреба и за други тела и поединци кои ќе ги промовираат и заштитуваат човековите права. Секој поединец има морална одговорност да даде придонес во културата во која вредноста на човековите права го инспирира нашето однесување во секојдневниот живот.

Можна продолжителна активност би можело да биде воведот во предметот на позитивни и негативни права и проектна работа.

Часот

Учениците формираат парови. Важно е да има еднаков број парови во училницата.

На секој пар му се дава празен лист хартија и пенкало и се замолуваат да напишат три значајни права, за кои мислат дека треба да ги имаат на училиште и три значајни права за кои мислат дека треба да ги имаат дома. Примерите можат да бидат од типот да не им се дава премногу домашни работи или правото да се добие џепарлак.

Откако ова ќе биде завршено, наставникот ја разделува копијата од материјалот за учениците 5.4, Права и одговорности и материјалот за учениците 5.2, Листа на човекови права за секој пар. Потоа, учениците се замолуваат да ја истражуваат листата на човекови права и да дискутираат кои права најдобро одговараат на шесте права кои ти ги напишаа на нивниот лист хартија.

Откако ќе одлучат, тие ги запишуваат шесте права во првата колона од материјалот за учениците 5.4. Од оваа гледна точка, наставникот може да ги праша учениците дали тие имаат некакво објаснување за правата кои ги наброиле.

Откако ќе се комплетира првата колона, наставникот им објаснува на учениците дека секое право со себе носи и соодветна одговорност, давајќи го следниот пример: „Слободата на говорот е ограничена поради одговорноста да не се кажуваат невистинити работи кои ќе ја деградираат другата личност и ќе го злоупотребат нејзиното право на достоинство и добра репутација.“ Наставникот, исто така, може да објасни дека рамнотежата на правата на поединецот и неговите/нејзините одговорности да се почитуваат правата на другите луѓе значи дека ние треба да ги применуваме нашите права без одредени ограничувања. Постојат многу ситуации во кои правата и одговорностите на различните луѓе се судруваат. На пример, во училницата, правото на образование може да се судри со правото на слободно време, кога некои ученици сакаат да учат, додека други сакаат да се забавуваат. Како и да е, училиштето има одговорност да ги поучува и да ги школува учениците и да им го обезбеди правото на наставниците на пристојни работни услови (како што е не преголема врева во нивната работна средина).

Сега, наставникот го замолува секој пар ученици да ги заменат листите со друг пар. Новиот пар сега ги дискутира примерите од две нивоа на одговорност кои одговараат со секое право, наброено од другиот пар (види го примерот подолу):

  • Прво ниво: одговорностите кои ги имаат поединците мора да им обезбедат на другите да уживаат во правото (ова би требало да биде напишано во втората колона).
  • Второ ниво: одговорностите (каде што тие постојат) за авторитетите (како што се училишните или локалните авторитети) треба да го обезбедат ова право.

Ова би требало да биде напишано во третата колона. На пример, одговорноста на секој поединец да ја почитува приватноста на дневникот на другите ученици; одговорноста на училиштето да не пребарува по личните работи на поединецот, кога тоа не е потребно (на пример, да не се чита дневникот додека се пребарува училницата поради украден калкулатор).

Човеково право
(на училиште, дома)
(Морална) одговорност на поединецот Одговорност на училиштето, авторитетот и сл.
Право на приватност Да не се погледнува во нечиј дневник Да не се чита ученичкиот дневник кога се пребаруваат личните работи на поединецот во случај на кражба

Потоа, наставникот може да го замоли секој пар да даде извештај пред остатокот од одделението во врска со едно право и соодветните одговорности од нивните листи.

Бидејќи акцентот на овој час се става на одговорностите, наставникот може да одбере да нацрта две колони на таблата, една за индивидуалните одговорности, а другата за одговорностите на авторитетите и како што учениците ќе даваат примери, така ќе бидат запишувани на таблата. Наставникот може да го заврши часот со резиме на одговорностите и да ги замоли учениците да коментираат за листите.

Продолжителна активност

Ако времето дозволи, или ако наставникот посака да го продолжи часот со вклучување на идејата за позитивните и негативните права и проектната работа, тој/таа би можел да ги спроведе следните активности.

Наставникот може да започне со објаснување дека понекогаш човековите права се поделени на „негативни права“ и на „позитивни права“.

„Негативните права“ се права кои забрануваат нешто непријатно (како што е забрана за тортура). „Позитивните права“ се права кои експлицитно го замолуваат поединецот да направи нешто или да треба да направи нешто (како што е правото на храна: секој има право да има соодветна храна). Додека „негативните права’ очекуваат од луѓето да не изведуваат специфични дејства, „позитивните права“ очекуваат поединците и власта да спроведуваат одредени активности со цел да ги обезбедат тие права.

Наставникот, исто така, објаснува дека повеќето човекови права имаат и позитивни и негативни страни. На пример, правото да не се биде измачуван значи дека власта не смее да ги малтретира луѓето, кои се уапсени, но исто така, власта е потребно да даде јасни инструкции за ова на нејзините полициски сили.

Учениците се повикуваат да се навратат кон нивните листи за човекови права и да одберат три од нив.Тие, потоа, треба да побараат примери за позитивни или негативни постапки во нивните животи за да ја илустрираат нивната морална одговорност. Потоа, треба да побараат и други примери, овој пат за да ја покажат одговорноста на училиштето или локалната/државната власт. За оваа цел, тие би можеле да го додаваат знакот „плус“ или „минус“ кон одбраните одговорности: види го примерот подолу.

Човеково право (на училиште, дома)
(Морална) одговорност на поединецот Одговорност на училиштето, авторитетите и сл.
Право на приватност (=пример) (+) (+) Да се води грижа дека училишното досие на учениците не може да биде разгледувано од посетители
(-) Да не се гледа во туѓ дневник без да се биде повикан да се направи тоа (-) (училиште) Да не се пребарува по туѓи лични работи, ако тоа не е строго потребно
(-) (држава) Да обезбеди легислатива за заштита на приватноста на поединците

Ако наставниците посакаат да ја искористат оваа активност како вовед во проектната работа, тие би можеле да ги замолат учениците да одберат некои од човековите права, кои ќе бидат подлабоко обработувани во текот на наредните неколку недели или месеци. Потоа, учениците можат да состават план во кој тие се согласуваат за главната цел и за различните чекори кои треба да бидат преземени. Тие, исто така, одлучуваат која задача до кога ќе биде комплетирана и од кого.

План

Главна цел:
Што треба да биде направено? Кој ќе го направи тоа? Кога тоа би требало да биде готово?
a
a
a

Во текот на наредните пет часови, овој план треба да биде проследен со идни активности и на крајот да биде оценет.