2 – Работно досие 18: Анализа и интерпретација на резултатите од евалвацијата на образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП)

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 18: Анализа и интерпретација на резултатите од евалвацијата на образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП)

Резултатите од евалвацијата можат да бидат анализирани, категоризирани и интерпретирани на различни начини. Кога ќе се применат индикаторите за квалитет на ОДГ/ОЧП, препорачани во работното досие 12, една од најефективните и наједноставните методи се состои од тоа како прво да се утврдат силните страни и недостатоците на ОДГ/ОЧП. Советот на Европа за оваа цел предлага една четиристепена скала и секој индикатор го оценува со помош на оваа скала (Совет на Европа: Демократско дизајнирање на училиштата во теорија и пракса, 2008).:

  • степен 1 – значителни недостатоци во повеќето или сите области;
  • степен 2 – повеќе недостатоци, отколку силни страни;
  • степен 3 – повеќе силни страни, отколку недостатоци;
  • степен 4 – силни страни во повеќето или во сите области, нема значителни недостатоци.

Резултатите на една таква анализа се претставуваат на пример со дијаграм кој го посочува вкупното постигнување во ОДГ/ОЧП како и листа на различни индикатори. Долунаведениот пример на фиктивно училиште го илустрира овој пристап:

V1_P120_MACED

Заклучокот би требало да земе предвид четири основни области:

  • постигнувањето на училиштето во однос на ОДГ/ОЧП генерално;
  • позицијата на училиштето во однос на секој индикатор на квалитет;
  • најуспешните и најслабите аспекти на ОДГ/ОЧП на училиштето;
  • критичните точки кои може да го загрозат натамошниот развој на ОДГ/ОЧП во односното училиште.