Материјал за учениците 4.3: Пет случаи на судрување со човековите права

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 4.3: Пет случаи на судрување со човековите права

Случај 1

Макс е осумгодишно момче кое е серизно повредено во несреќа и итно му е потребна трансфузија на крв во болницата. Како и да е, неговиот татко му забранува на болничкиот персонал да го сторат тоа поради религиозни причини. Неговата мајка и докторите би сакале да го спасат неговиот живот.

Случај 2

Во една болница, само ограничен број луѓе работат во одделението за итни случаи. Вечерта има голема гужва, а има само една соба за само уште еден човек, кому му е потребен итен третман. Со оглед на тоа дека животите на двајца луѓе се сеуште во опасност, докторите треба да одлучат дали да лекуваат едно мало дете или еден успешен бизнисмен.

Случај 3

Гус е многу почитуван член на една религиозно-политичка партија, која силно ги нагласува семејните вредности. Еден новинар кој бил на забава на управата, случајно открива серија на лични писма од Х, од кои тој може да заклучи, без сомнение, дека Гус има вонбрачна врска. Новинарот ја објавува приказната.

Случај 4

Јутчу живее во една земја од третиот свет. Тој е сиромашен и може да ги задоволи само неговите основни потреби, ништо повеќе. Тој би сакал да започне со студирање, но не може да најде потребни средства за да го стори тоа. Неговата земја не е во можност да му ги обезбеди потребните средства, бидејќи економската состојба е многу лоша и земјата треба да ги искористи сите расположливи ресурси за да ги покрие основните потреби на населението.

Случај 5

Локалната власт планира да изгради ново училиште на едно парче земја кое е едно од ретките места каде што децата сеуште можат да си играат.