6. Пристап ориентиран кон дејствување: Следење на учењето

Living Democracy » Textbooks » 6. Пристап ориентиран кон дејствување: Следење на учењето

Деветте наставни единици во овој прирачник се конципирани како мали проекти. Учениците дејствувачки се занимаваат со проблемите на начини кои што се типични за работа во и со проектите што на пр. се однесува на наставниот материјал, работната организација, комуникацијата или временскиот менаџмент. Со тоа што изнаоѓаат пат и средство како да ги препознаат претставените проблеми и како тие можат да бидат решени, учениците стекнуваат еден ред на важни компетеции (учење кое што е базирано на делување или на задачи за учење „task-based learning“).

Еден пример: Во првата наставна единица децата имаат за задача да направат цвеќе кое што го носи нивното име и на кое треба да стават нивна фотографија. На самите ним им е препуштено како ќе го обликуваат цвеќето, каде ќе најдат материјали, како ќе најдат соодветна фотографија и како ќе го планираат нивното време. На овој начин децата учат многу „on the job“. Сепак наставникот мора да постави рамки за задачите и внимателно да ги планира. Така на пример, треба да се донесат одлуки за следниве прашања: Колку време ќе им треба на децата? Кои материјали морам да ги ставам на располагање? Дали одредени делови за цвеќињата треба да ги подготвам пред наставата? (Види наставна  едниница 1 претставените варијанти на проектот.) Примерот покажува дека децата уште многу рано можат да бидат охрабрени да преземат одговорност за нивната училишна работа. Де факто значи дека одговорноста ќе си ја делат со наставникот. Овој вид на рано осознавање е важен доколку учениците во повисоките одделенија треба нивната работа сѐ посамостојно да ја планираат.

Во наставата на тема детски права (како еден дел од областа на образованието за демократија) наставникот презема мноштво на улоги и станува активен во различен аспект. Така на пр. активностите за аспектот „Запознавање на детските права“  често одговараат на класичната функција на доделување на упатства и на посредување на информации: наставникот посредува во едно предавање, во задача за читање или друг инпулс на информации, за учениците да се стекнат со соодветното знаење за детските права; дава дополнително евентуално други напатствија и задачи. Сосема поинаку кај димензиите „Доживување на детските права“ и „Спроведување на детските права“. Овде од страна на наставникот се работи пред сѐ за тоа да се обезбедат и грижливо да се модерираат дидактичкиот простор и сетинзите во кои учениците делуваат, откриваат и ориентирано кон трансфер стекнуваат автентични примарни искуства и ги рефлектираат. Изборот на наставната форма зависи како што е покажано и во нашите предлози за планирање тесно од целите и содржините за кои се работи во соодветната активност.

Наставата која што е ориентирана кон делување и базирана на задачите бара во секој случај внимателно планирање и подготовка, и тогаш кога наставникот на прв поглед се чини дека е помалку активен отколку во вообичаената одделенска или фронтална настава. Всушност и во реалноста мора наставникот, при таквата наставна форма, постојано да го има на око случувањето во одделението додека учениците работат, да може брзо и флексибилно да реагира на нивните различни предуслови, компетенции, потреби на учење и претстави за вредностите.