Материјал за наставници 6.2: Клучни искази за моделот на политички циклус

Living Democracy » Textbooks » Материјал за наставници 6.2: Клучни искази за моделот на политички циклус
  1. Политиката има две страни: решение на проблемите и борбата за моќ. Циклусот како модел се концентрира на првиот аспект – решение на проблемите. Аспектот за моќта е исто така вклучен, со тоа што правењето агенда зависи од притисокот кој може еден протагонист да го направи. Но главната примена на моделот е да ја опише практичната страна на политиката – со зборовите на Макс Вебер „бавно и силно продупчување дупки низ дебели штици, со страст и добро расудување“ Тоа значи дека пропагандата во натпреварот за поддршка од гласачите –вклучувајќи критика против политичките соперници, популизам и скандализирање – може да ја измени сликата, но овој модел го филтрира сето тоа.
  2. Овој модел дава интересен поглед на концептот за општото добро. Во демократија, ниеден протагонист не знае што е добро за сите – ова е големата разлика меѓу демократија и диктатура. Наместо тоа, заедно мораме да дознаеме, преговараме, дебатираме и на крај да направиме компромис. Ако сме погрешиле или решението не било фер, ќе дознаеме набрзо и ќе треба да се обидеме пак. Отвореното општество бара прагматички, конструктивистички пристап кон одговарање на прашањето за општото добро.
  3. Мапите, како што е политичкиот циклус, се модели. Тие јасно покажуваат некои аспекти од реалноста, но тоа го можат само со изоставање на други. Моделот за политички циклус може да служи како мапа за одговарање на прашањето – во која фаза можат граѓаните да интервенираат и да бидат чуени. Ако не сме членови на парламентот или владата, не можеме да учествуваме во дебатата за тоа која одлука треба да се донесе – ова е излезната страна на политичкиот систем. Но другите фази ја покажуваат влезната страна, а овде можеме да станеме активни. Можеме да коментираме за одлука, да ја поддржиме или протестираме и можеме со сигурност да учестуваме во дебати за правење политички агенди. Политичките проблеми не постојат тукутака, туку тие се дефинираат и признаваат како такви (видете ја темата на лекцијата 4).