2. Детските права – Дел од процесот на човекови права

Living Democracy » Textbooks » 2. Детските права – Дел од процесот на човекови права

Конвенцијата за правата на детето во светски рамки е најчесто прифатениот инструмент на човековите права од земјите во историјата. Таа е ратификувана од сите освен од две земји и оттука ги носи децата и нивните права во центарот на стремежот за универзално применување на човековите права. Преку ратикувањето на овој инструмент националните влади се обврзаа да ги заштитуваат и почитуваат детските права и тие истовремено имаат изјавено дека се согласни оваа одговорност да ја застапуваат пред меѓународната заедница.

Конвенцијата за правата на детето се базира на различни културни традиции  и правни системи и е една универзално призната збирка од обврски и стандарди за кои не може да се преговара или да се дискутира. Таа ги утврдува фундаменталните човекови права за сите деца во светски рамки без разлика од било каков вид.

  • Правото на преживување,
  • Правото на оптимален развој,
  • Правото на заштита од штетни влијанија, злоупотреба и искористување, –
  • Правото неограничено да се учествува во семејниот, културниот и социјалниот живот.

Секое право, коешто е формулирано во Конвенцијата е неделливо од човечкото достоинство и хармоничниот развој на секое дете. Конвенцијата ги штити детските права со што стандардите за здравствена заштита, образованието ги става во правните, граѓанските и социјалните побарувања. Овие стандарди формираат мерна единица на која може да се чита напредокот. Земјите кои што учествуваат во Конвенцијата за правата на детето се обврзани законите и акциите секогаш да ги развиваат и конципираат во поглед на најдобрата добросостојба на детето.

Конвенцијата за правата на детето е првиот правно-обврзувачки меѓународен инструмент кој што ги вклучува сите човекови права т.е. како граѓански и политички, така и економски, социјални и културни права. Два дополнителни протоколи (за учество на деца во вооружени конфликти и за трговија со деца, проституција со деца и порнографија со деца) беа прифатени за да се зајакнат мерките на Конвенцијата во овие области. Тие беа ставени во сила на 12. февруари односно 18. јануари 2002 година.

Развојот на модерните општества наметнува едно друго прашање: Правото на слобода го поддржува развојот на плуралистичкото општество и ги подвижува секуларизацијата и еден индивидуализиран стил на живеење. Како овие општества при сите основни вредности можат да најдат еден минимален консензус кој што е обврзувачки за сите граѓани?

Човековите и детските права во светски рамки имаат многу придонесено за модернизирање на политичките, економските и културните системи и се грижеа за тоа светот да станува посигурен и почовечки. Сепак тие не смеат никогаш да се набљудуваат како разбирливи сами по себе и секоја генерација мора да придонесе за нивниот развој, секогаш наново да се преговара и да се залага за тоа ветувањата за детските и човековите права да можат да се одржуваат и во иднина.

Човековите права врз кои се засниваат детските права имаат долга традиција. Претходници и паралели за тоа се наоѓаат уште во големите светски религии и филозофски струења. Модерните човекови права за прв пат се претставени во времето на просветителството и ги инспирираа Американската и Француската револуција. Денес тие се втемелени како основни закони во пишаните и непишаните Устави на модерните демократии. Од почеток човековите права беа многу важни за да можат послабите во едно општество да бидат заштитени од појаките. Затоа и правата на детето се толку важни. Малолетните спаѓаат во групите чијшто правен статус наспроти егзекутивната моќ е најслаб.

Процесот којшто водеше до човековите права беше како револуционерен, така и еволуционарен. Тој створи различни генерации на човекови права: Класичните закони за слобода, социјалните закони, кои што пред сѐ се засниваат на вредноста на еднаквост, еколошките и општествените закони кои сѐ уште се дискутираат и кои се занимаваат со темите на развојот и на обостраната зависност во еден глобализиран свет и како понатамошна изведба на детските права.

Процесот на развој и проширување на човековите и детските права сѐ уште е во тек и со тоа тешко дека нешто ќе се промени во блиска иднина: Универзалните побарувања на човековите и детските права повторно се ставени под знак прашалник, тие во светски рамки се попречуваат преку диктатури и автократски влади и динамичниот развој на модерното општество и технологија наметнува нови прашања и го става процесот пред нови предизвици. Како на пример во времето на интернетот може да се загарантира заштита на приватната сфера во комуникацијата?

Човековите права постојано го зголемуваат нивното значење како рамка за секуларната етика како што и во Повелбата на Обединетите Нации и во Конвенцијата за човековите права на Советот на Европа доаѓа до израз. Тие се единствената збирка на вредности кои имаат шанса да бидат прифатени од светската заедница универзално.

Но секогаш има повторно држави кои под изговор на правата на сувереност ги повредуваат основните човекови и детски права на нивните граѓани.  Како човековите и детските права можат да се спроведуваат и заштитуваат во еден свет на суверени држави вклучувајќи ги демократиите и диктатурите останува отворено прашање. За да може да се заштити мирот не само меѓу, туку и внатре во државите се чини дека е неопходно и понатамошно усогласување и понатамошен развој на Повелбата на Обединетите Нации.

Човековите права, а со тоа и правата на детето се универзални. Од ова ветување зависи и нивната веродостојност. Тие важат како неделлива целина за која ниту може да се преговара, ниту за доброто на западот да бидат редуцирани на политички фолклор.

Човековите права се природни права и како такви неотуѓиви. Такашто ниедна држава ја нема моќта да ги гарантира или ускратува човековите права туку нив само да ги признава и да ги заштитува. Човековите права се базираат на тоа дека државата му служи на индивидуалецот, а не обратно. Тие важат за сите луѓе независно од возраста, полот, етничката припадност, националноста итн.

Човековите права содржат сепак и одговорност. Правото на слобода на секој поединец, на пример, мора да биде усогласено со она на другиот човек: не смеам мојот слободен простор да го ширам на сметка на слободата на другите. Слично на тоа правото на слобода на изразување, не го вклучува правото другите луѓе да се навредуваат. Во одредени земји слободата да се поседува сопствен имот, како на пример, фабрики или други производствени згради е законски ограничено за да може да се контролира одлучувањето на ниво на менаџментот којшто се однесува на сигурноста (безбедноста)  на работното место. Тешко е да се најде точниот баланс помеѓу заштитата и ограничувањето на човековите права. Тоа исто така одново води до дискусии и повреди кои што мора да се решаваат со носење на политички одлуки и / или мора да бидат законски предвидени во уставот. Така станува и јасно зошто човековите права во светски рамки во различните демократии се појавуваат во толку „верзии“.