2.2 Клучни прашања

Living Democracy » Textbooks » 2.2 Клучни прашања

За процесот на учење на учениците:

  • Како ќе се утврди и оцени успехот на учениците?
  • На кој начин самооценувањето и туѓото оценување добиваат шанса?
  • Како да бидам сигурен дека учениците ги постигнале нивните (евентуално индивидуално поставени) цели?
  • Дали процесот на учење го обликував така што учениците во учењето можат редовно да имаат успешни доживувања?
  • Дали учениците се свесни за нивниот сопствен напредок? Како јас ги поддржувам во таа свесност?
  • Дали мојата настава им ги нуди на девојчињата и на момчињата истите шанси за успех?
  • Дали учениците добиле патокази и критериуми кои ги поддржуваат во учењето?
  • Дали учениците можат сами да го контролираат, оценуваат и подобруваат нивното однесување кон учењето, нивниот начин на работа и нивните постигнувања? Дали тие го прават тоа? Како јас да ги поддржам во тоа?
  • Можат ли учениците да го утврдат односот кон учењето и постигнувањата на нивните соученици преку оценување помеѓу врсниците (пир евалвација)?
  • Се повикуваат ли учениците при самооценувањето и на нивните индивидуални цели, норми, критериуми или потреби?
  • Го забележувам ли индивидуалниот напредок на учениците; како?
  • Како ги утврдувам проблемите во учењето на поединечните ученици?
  • Како ја набљудувам социјалната интеракција во одделението?
  • Како ги задржувам моите набљудувања и оценувањата на поединечните ученици и одделението како целина; кои форми на документација ги познавам и користам?

За процесот на учење на наставниците:

  • Како го рефлектирам и евалвирам квалитетот и успехот на моите напори за предавање?
  • Во колкава мера ја поттикнувам компетенцијата на учениците, реално да ги проценуваат нивните постигнувања и самите да се оценуваат?
  • Како, кога и со кого ја рефлектирам мојата настава?
  • Како дозволувам моите ученици да учествуваат во тоа?
  • Како го поврзувам успехот или неуспехот на моите ученици со мојата настава; какви последици извлекувам во поглед на планирањето на мојата идна настава?
  • Како го препознавам мојот сопствен напредок во предавањето, како јас учам и како се развивам како наставник?