Метод 2: Наставно ливче за ученици за рефлексија на сопственото учење

Living Democracy » Textbooks » Метод 2: Наставно ливче за ученици за рефлексија на сопственото учење

Упатство

Прочитај ги најпрво прашањата/импулсите. Запиши ги потоа долу или на посебен лист твоите одговори на поединечни или на сите прашања/импулси!

Прашања/импулси

  1. Кои беа моите први активности на учење кај оваа работа / кај овој проект?
  2. Кои беа моите следни активности на учење?
  3. Кога си дозволив пауза?
  4. Колку долго учев самиот?
  5. Колку долго учев заедно со друго дете?
  6. Кога учев во група?
  7. Можев ли добро да учам во групата?
  8. Дали при моите активности на учење се придржував на мојот план?
  9. Можев ли непречено да се сконцентрирам на мојата работа? Бев ли некогаш пренасочен? Морам ли да ја подобрам мојата концентрација?
  10. Дали можам да утврдам дека можев добро да учам, како го направив тоа?
  11. Дали се досадував во учењето?
  12. Дали учев со задовоство, бев ли среќен во учењето?
  13. Бев ли сигурен во учењето дека тоа го правам точно? (самодоверба во учењето)
  14. Како развив интерес за темата и радост во учењето?
  15. Кои стратегии и техники на учење ги применив?
  16. Учев ли добро? Што направив добро, а што морам да подобрам?
  17. Што беше тешко за мене? Како ја совладав оваа потешкотија?
  18. Треба ли побрзо или побавно да работам?
  19. Постои ли нешто што треба да го променам?
  20. Како можам да го подобрам моето учење?
  21. Ќе се обидам при мојата следна задача за учење да го постигнам следното: …