2 – Работно досие 10: Кооперативно учење и повратна информација од работната група

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 10: Кооперативно учење и повратна информација од работната група

Заедничкото планирање на секвенците на ОДГ/ОЧП со колешка или колега е корисен инструмент за обострана размена на информации и координација, како и за развојот на одделението и евалвацијата на квалитетот на наставата.38 Кооперативното планирање може да се ограничи на заедничка подготовка на секвенци, но и да води до тимско поучување (Team-Teaching) при кое една лекција се предава истовремено од два наставника. Во образовните установи за наставници во многу европски земји имплементацијата на кооперативни мерки за заедничко планирање и изведување на лекциите за жал сѐ уште има низок приоритет. Развивањето на култура на соработка и меѓусебна посета на наставата е процес кој бара многу време.

Тоа што многу наставници се колебаат тесно да соработуваат со колега или колешка е интересен феномен.39 Дали причината е можеби тоа што нема модели за добра практика? Стравуваат ли наставниците дека со тоа ќе мора уште повеќе време да поминуваат во училиштето? Или можеби се плашат дека негативно ќе бидат оценети од колегите?

Една можна форма на кооперативното планирање и предавање на секвенци на ОДГ/ОЧП која штеди време е взаемни посети на наставата во мали групи. Следниот предлог може да послужи како поттик и директива:40

Големина на групите: Три наставници се посетуваат меѓусебно и тоа секој по двапати во полугодие (секое лице двапати е посетено и прави четири посети, секоја по двајца).

Организација: Трите наставници заедничкии небирокртаски ги планираат посетите врз основа на нивните наставни планови.

Координатор: Едното лице во тимот ја презема улогата на координатор и го држи под око минималниот број на посети. За содржинските прашања во однос на наставата сепак не треба да го искажува мислењето.

Составување на групата: Составувањето на групата може да се заснива на симпатија. Тоа поттикнува добра база на доверба.

Фокус: Наставниците ги набљудуваат меѓусебно нивните секвенци во ОДГ/ОЧП. Содржинската тема на часот е второстепена; фокусот е ставен на набљудување на имплементирањето на педагошко-дидактичките методи.

Тежиштето на набљудувањето кај поединечните посети е резултат на тогашните интереси или потреби.
Примери:
а) еден наставник сака повратна информација за едно одредено прашање;
б) договорена или воведена е нова метода/активност и треба да биде евалвирана;
в) треба да бидат испробани и евалвирани педагошки принципи (кои треба на пр. да бидат имплементирани во програмата или профилот на училиштето).

Кога се набљудуваат колеги и колешки во наставата по ОДГ/ОЧП, тоа позитивно влијае врз рефлексијата на сопствената настава по ОДГ/ОЧП. Кај меѓусебните посети и кај пир-повратната информација не се работи само за инструмент за подобрување на дијагнозата ’туѓи’ наставни секвенци, туку исто така и за инструмент за подобрување на сопствениот стил и на сопствениот метод.

Меѓу причините кои ја прават формата на повратната информација на работната група и заедничко набљудување и анализа на наставата, како посебено драгоцени елементи на кооперативното планирање на наставата се вбројуваат следните:41

  • Поефикасно е да се проценува преку настава со помош на реални ситуации во одделението, отколку тоа да се прави во хипотетични неавтентично доживеани рамки.
  • Многу аспекти и детали отпаѓаат кај теоретската дискусија за една секвенца, како рутински дејства, телесен говор, мимика, однесување при комуницирањето.
  • Промената на перспективата и дистанцираниот поглед на една наставна секвенца од страна на некој друг воедно поттикнува поинтензивно да се справиме со сопствената наставна дејност.
  • Кога само се набљудува една секвенца, ослободени сме од дејствување. Може да се забележат повеќе подробности и се има повеќе простор за рефлексија.
  • После секоја секвенца учесниците можат со себе да понесат редица од сугестии за сопствената наставна дејност. Изобилието од личности и наставни стилови може да претставува интересен извор за импулси кои еден наставник по завршувањето на образованието во наставното секојдневие инаку едвај повеќе ги добива.
  • Набљудувањата на наставата и разговорите после нив водат до автентично и квалитативно супериорно тематизирање на дидактички и методолошки прашања. Со тоа тие се дел од училишниот развој и целото училиште профитира од нив.

38. Helmke, A. (2003): Евалвација на наставата: Постапки и инструменти. Во: Училиштен менаџмент, 1, стр. 8 – 11.
39. Ibid.
40. Спореди Klippert, H. (2000): Педагошки развој на училиштето. Помош во планирањето и работата за поттикнување на нова култура на учење. Weinheim: Beltz.
41. Leuders, T. (2001): Квалитет во наставата по математика во секундарниот степен I и II. Берлин: Cornelsen.