Час/лекција 2: Моќта на знаењето и вештината!

Living Democracy » Textbooks » Час/лекција 2: Моќта на знаењето и вештината!

Учениците ги припремаат своите презентации на медиумски апарати

Цели на учењето Учениците го разбираат разноликостот или ограничениот број на медиумски апарати кои можат да ги користат. Тие добиваат потребни информации за медиумот и како да го користат од страна на наставникот.
Задачи на учениците Припрема на медиумска изложба во училницата и понатамошно разбирање за тоа ако одреден медиум работи.
Ресурси Лични медиумски апарати, училишни медиумски апарати, работни материјали за наставникот за глава 9, час 1 и 2, работни материјали за учениците.
Методи Зависи за што ќе се одлучи наставникот.

 

Опис на часот

На крајот од првиот час, наставникот (или група на ученици) треба да припремат маса на која ќе биде поставена изложбата. Ако собата може да се заклучи, учениците треба да ги донесат медиумските апарати и со тоа полека да се зголемуваат експонатите. Наставникот треба да оди заедно со учениците кога тие ќе ги земаат апаратите за да им одговори на прашања ако има потреба. Исто така, родителите треба да знаат со која цел учениците ги носат медиумските апарати на училиште.

2. Откако изложбата ќе биде подготвена, наставникот може да одреди “експерти за изложбата” – ученици кои ќе бидат одговорни за изложбата и кои можат да им даваат поддршка на своите соученици. Нема потреба да се напомене важноста учениците да бидат внимателни со апаратите.

3. Учениците, со помош на наставникот ако е потребно, треба да направат листа за тоа кои групи ученици ќе работат со кои апарати. Времето на презентација исто така треба да биде вклучено во табелата. Во зависност од големината на класот и бројот на избрани експонати, можно е да е потребно повеќе од еден час за презентација (видете во работниот материјал за учениците).

Листот треба да биде истакнат така што сите ќе можат да го видат – со тоа ќе се помогне и само-насоченото учење. Листата би можела да изгледа слично на ова:

Медиумска направа

Членови на групата

Дата и време на презентација плус потребно време
Камера

Ана, Марија, Елена

14.02.2014 09:00 20 минути
Фотоапарат Томе, Александар, Јана 14.02.2014 09:20 20 минути

Како додаток на овој час, наставникот треба да подготви кратка презентација за по завршувањето на изложбата (околу 10 минути). Има два начини за тоа, (но наставниците би требало да подготват и други презентации):

Медиумите во демократијата. Целта е да им се покаже на учениците функцијата која медиумите ја имаат во нашето општество. За учениците од основно ниво, ова може да претставува основна информација која ќе им помогне да го зголемат нивното разбирање чекор по чекор (видете во работниот материјал за наставниците, глава 9 час 1).

Справување со телевизија. Како алтернатива, наставникот треба да направи презентација на тема “справувајќи се со телевизијата”, доколку тоа подобро се совпаѓа во концептот на поучување (видете во работниот материјал за наставниците, глава 9 час 2).

Овие презентации не мора да бидат вреднувани. Нивната функција е да се збогати основното знаење на учениците чекор по чекор. Како и во многу други случаеви на трансфер на знаење, можно е учениците да ги разберат сите детали. Ова треба да биде прифатено во сложени ситуации и наставникиот треба да има претстава што очекува од учениците.