Час/лекција 3: Нашите нови училишни правила

Living Democracy » Textbooks » Час/лекција 3: Нашите нови училишни правила

Создавање на заеднички договор

Цели на учењето Учениците учат како да направат еден општ збир од правила кој ќе биде обврзувачки за сите во училиштето. Тие разговараат за реални начини со кои би можеле да ги интегрираат тие правила во секојдневието на училиштето.
Задачи на учениците Учениците прават договор за правилата кои се прифатени од страна на мнозинството и дискутираат и разгледуваат можности за интегрирање на гледиштата на малцинството.
Ресурси Flipchart, пенкала, картички за гласање, листа со училишните правила на таблата или flipchart-от, ливчиња хартија.
Методи Работа во групи, пленарна дискусија.

Опис на часот

Учениците седат во круг пред таблата или flipchart-от на кои се напишани училишните правила со големи букви. Освен тоа на таблата стојат и лепенките на кои пишува што секоја група би сакала да промени во училишните правила . Наставникот започнува дискусија.

  • Што мислат учениците за предложените промени?
  • Дали се согласуваат со предлозите?
  • Колку се согласуваат? Дали се мнозинство?
  • Што се случува со малцинството? Дали може да се направи компромис?

Учениците се враќаат во четворочлените групи. Работат на едно правило кое ќе се промени и се обидуваат да го преформулираат. Го пишуваат на парче хартија и го лепат на таблата или на flipchart-от.

Откако сите предлози ќе се истакнат на таблата или на flipchart-от, учениците треба да гласаат. Сите ученици имаат свои картички за гласање. Наставникот го чита секое правило. Учениицте ги користат своите картички, притоа искажувајќи го нивното одобрување, одбивање или воздржување.

Она што не е прифатено од мнозинството повторно се дискутира.

На крајот на овој процес, новите училишни правила се запишуваат на лист хартија.