1. Вовед

Living Democracy » Textbooks » 1. Вовед

Дали опширните дидактички основни правила важат и во контекст на наставата по ОДГ/ОЧП? Како и зошто мора учениците да се оценуваат? Кои видови и модалитети на оценувањето (зошто) се фер? Дали оценувањето го поддржува учењето и процесот на учење?

Во наставата по образование за демократско граѓанство и човекови права мора да се постават и да се прошират овие прашања за оценување и вреднување: Кои компетенции можат да бидат оценети? Кој вид на знаење е од централно значење? Дали е важно напамет да се знаат сите членови од Универзалната декларација на човековите права или да се познава структурата на правниот систем на сопствената земја? Без да се сака овде да се влегува во детаљ на овие прашања едно останува јасно: Секој вид на учење има потреба од евалвација и оценување на успехот на учење, заради тоа овој аспект заслужува особено детално внимание.

Суштината во тематското поле оценување/вреднување го претствува изборот на адекватната форма на оценување и соодветните моменти. Така од предност за учењето е доколку наставниците и учениците го оценуваат успехот и за време на процесот на учење, а не само на крајот на процесот на учење (формативно оценување). Во оваа наставна тема ние сакаме со претставувањето на различни приоди да придонесеме за пошироко разбирање на учењето. Притоа прашањето не е дали ние мора да оценуваме, туку која форма на оценување кога треба да биде употребена и кои специфични цели секогаш се следат со оценување. Затоа исто и тука поставуваме прашања, како што тоа слично го направивме уште кај изборот на соодветна наставна метода.

ОДГ/ОЧП  како што повеќепати е напоменато не е училиштен предмет, туку концепт кој ја детерминира целокупната наставна клима и климата на учење. При оценувањето  на успехот на учење и успехот на учениците во оваа смисла не се проверуваат само стекнатото знаење, компетенциите и know-how во една одредена област. Уште повеќе се земаат предвид динамичките аспекти како ставови, спознанија, интердисциплинарни способности како флексибилност, комуникација и интеракција, способност за аргументирање итн., при што оценувањето добива друга димензија. Сепак има одредени аспекти (како вредности и ставови) кои едвај можеме или сакаме да ги оцениме, дури и кога ги посматраме како дел од пакетот на компетенции кои сакаме да им ги дадеме на учениците.