5. Правење мисловни мапи

Living Democracy » Textbooks » 5. Правење мисловни мапи

Зборовната мапа може да ви помогне да си ги организирате мислите. Ваквите мапи кои се формираат во мозокот може да бидат корисни во различни ситуации кога треба да размислувате за одредена тема: собирање идеи, припрема за презентација, планирање на проект, итн.

Инструкции за правење на зборовни мапи

  • Напишете ја вашата тема на средината на листот хартија и нацртајте круг околу него. Користете доволно голема хартија.
  • Нацртајте неколку тенки линии кои излегуваат од кругот. На секоја линија напишете го името на една поттема која е поврзана со главната тема во среднината.
  • Од тенките линии, може да нацртате дополнителни, потенки линии кои ќе ги претставуваат поткатегориите или прашањата поврзани со поттемите напишани на тенките линии.
  • Најдете што е можно повеќе различни термини и сместете ги во соодветните категории. Може да користите различни големини на букви, симболи и бои.

Споредете ја вашата зборовна мапа со мапите на соучениците

  • Што забележувате?
  • Како се тие слични?
  • Како се различни?
  • Кои се најважните термини?
  • Дали подреденоста на поткатегориите има смисла?
  • Дали недостига нешто важно?
  • Што ќе направиш поинаку следниот пат?

6728 ID 8756 Growing.indd