Вежба 8.4. – Сесија со „бура на идеи“ во врска со конфликтот и мирот

Living Democracy » Textbooks » Вежба 8.4. – Сесија со „бура на идеи“ во врска со конфликтот и мирот
Образовни цели Учениците можат да ги дефинираат концептите за конфликт и мир.
Учениците можат да објаснат кои конфликти можат да се решат а кои не.
Ресурси Постери и маркери во боја.

Процедура

  1. Се пишува зборот „КОНФЛИКТ“ на еден од листовите.
    Учениците имаат две задачи за наоѓање на идеи.
    а. Пишуваат колку што можат повеќе зборови или изрази во врска со конфликтот.
    б. Пишуваат клучни зборови кои упатуваат на конфликтни ситуации.
    Овој дел се прави во тишина и без коментирање.
  2. Кога на учениците ќе им снема идеи, се пишува зборот „МИР“ на друг лист.
    Процедурата е истата.
  3. Класот дискутира за резултатите.
  4. Се развива класификација на различните начини на конфликт со помош на наставникот:
    • конфликти кои може да се решат
    • конфликти кои не може да се решат.

Решавањето на конфликти без губитници (види вежба 8.1) многу често е возможно само со компромис. Ова функционира, на пр. кога сиромашните ресурси треба праведно да се поделат. Ако тортата е мала и секој добие еднакво мало парче, ние можеме да го прифатиме решението иако ќе останеме гладни. Но ако се работи за судир на религиозни убедувања, компромисот тешко дека е возможен. А ако конфликтот е предизвикан од етнички или расни поделби, има опасност од протерување или физичко истребување на членовите на една страна. Колку е порационален пристапот на страните во конфликт, поголема е шансата да се реши со преговарање и компромис наместо со насилство. Рационалното решавање на конфликти бара двете страни да разграничат меѓу проблемот и противникот и да го почитуваат човечкото достоинство на противникот, во однос на човековите права.

Продолжение

Учениците илустрираат различни ситуации на мир и конфликт преку цртежи или написи и слики од печатот.