2 – Работно досие 3: Избор на соодветни форми на настава и учење

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 3: Избор на соодветни форми на настава и учење

Во врска со изборот на одредена наставна форма, наставниците мора исто така да размислат како сакаат да ги обликуваат и организираат соодветните наставни секвенци и околината на учење. Притоа се поставува прашањето кои различни форми на настава, на учење и на социјална интеракција можат да бидат вклучени и треба меѓусебно да се комбинираат, кој временски буџет за чекорите на учење и кој избор на материјали е соодветен. Следниов каталог од прашања ги олеснува соодветните разјаснувања.

  • Кои наставни форми ги поддржуваат предвидените процеси на учење?
  • Кои форми на социјална интеракција т.е. кои социјални форми во наставата за која секвенца/фаза на мојата тема ги избирам?
  • Која структура и кој ритам го избирам за обработувањето на мојата тема/содржина?
  • Во колкава мера учениците можат да учествуваат во планирањето на лекциите и изборот на наставните форми?
  • Која наставна постапка може да се реализира земајќи ги предвид дадените просторни, временски, социјални и финансиски услови?
  • Кои методи и кој наставен стил особено добро го владеам, што освен тоа би сакал/можел да испробам?
  • Што инаку уште би можел да направам за да створам заедно со учениците добра клима за учење?
  • Дали мојата настава е праведна како за момчињата, така и за девојчињата?
  • Дали во доволна мера ги вклучувам новите медиуми (компјутер, интернет, мобилен, чет, СМС, МП3 плеер итн.) и со нив поврзаните можности?
  • Дали лекциите ја поттикнуваат соработката во одделението?
  • Има ли доволно можности за повлекување (области, ќошиња) на поединечните ученици или групи?
  • Дали училницата е секогаш најдоброто место за учење? Дали училницата мора да биде променета или реорганизирана? Дали на располагање има простории за посебни намени? Дали екскурзиите или истражувањата би можеле да бидат корисни?
  • Колку слобода им давам на моите ученици, како ги оценувам нивните способности?
  • Дали сите ученици треба да учат според цврсто зададен шаблон? Дали мојот наставен метод е индивидуализиран и доволно флексибилен за да ги исполни различните потреби за учење, брзините на учење и способностите за учење?
  • Може ли на учениците да им бидат понудени на избор различни методи и пристапи (и на различно претенциозни нивоа) (внатрешно диференцирање, индивидуализирање на наставата)?
  • Која домашна работа ја предвидувам?
  • Кои социјални форми на настава се соодветни кога ќе ги земам предвид условите, целите, содржините и процесите на учење (самостојна работа, работа во парови, мали или големи групи)?