2 – Работно досие 1: Компетенции за учење во образованието за демократско граѓанство и човекови права

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 1: Компетенции за учење во образованието за демократско граѓанство и човекови права

Трите димензии на компетенциите на доживеано образование за демократско граѓанство и човекови права

Целта на образованието за демократско граѓанство е да ги поттикнува компетенциите во трите димензии, кои се тесно поврзани една со друга и затоа не треба посебно да се обработуваат:

V1_P69_MACED

 

Политички компетенции на анализа и оценување

Овде се работи за поттикнувањето на компетенцијата да се анализираат политичките случувања, проблеми и контроверзни теми и да се образложат личните оценувања. Училиштето во овој процес може да придонесе со тоа што ќе ги поддржува учениците со структурирани анализи да стигнат до продлабочено разбирање на темата.

За да се постигне тоа учениците мора

  • да го сфаќаат значењето на политички решенија за нивниот сопствен живот;
  • да ги сфаќаат и проценат последиците од политичките решенија;
  • да ги сфаќаат и презентираат личните и туѓите ставови;
  • да ги сфаќаат и разбираат трите димензии на поимот политика, имено:
    a. институционалната димензија (Polity)
    b. содржинската димензија (Policy)
    c. димензијата ориентирана кон процесот (Politics)
  • да научат да ги анализираат и оценуваат различните фази на политичките процеси на микро рамниште (на пример во училиштето), на мезо рамниште (на пример во општината) и на макро рамниште (национална и интернационална политика);
  • да ги разложуваат фактите, проблемите и решенијата со посредство на аналитички категории, да ги идентификуваат нивните главни аспекти и да може да ги поврзуваат со основните вредности на човековите права и демократските системи;
  • да можат да ги идентификуваат општествените, економските, еколошките и меѓународните услови, интереси, развивање на дискусии на актуелни, контроверзни теми.
  • да го познаваат претставувањето на политичките теми во медиумите.

Методски компетенции

За учество во различни политички процеси не е потребно само основно познавање на политичките содржини, структури и процеси, туку исто така и редица од пошироки компетенции кои се стекнуваат и користат и во други контексти (комуникациски компетенции, соработка, општење со медиуми, информации, броеви и статистики итн.). Специфичните способности и вештини како оние способности кои се особено важни за учество во политичкиот живот, да се аргументира за или против некоја гледна точка, мора да се практикуваат и поттикнуваат во образованието за демократско граѓанство. Овие вештини треба да се тренираат и испробаат со помош на параметри кои се вообичаени и во политичкиот дискурс (дебати, расправи итн.).

За да го постигнат тоа учениците мора

  • да бидат способни од изобилството на расположливи информации во медиумите на автономен и фокусиран начин да најдат содржини, да ги разработат и да ги презентираат (да соберат, подредат и оценат статистики, карти, дијаграми, графики, карикатури);
  • да ги користат критички медиумите и да можат да развиваат сопствени медиумски производи;
  • да можат да користат емпириски методи во едноставни форми (на пр. планирање на мали анкети или интервјуа, елементарна техника на испитување).

Политички компетенции за одлучување и дејствување

Овде се работи за стекнување на оние компетенции кои се потребни за да може во политички контекст да се настапи самоуверено и адекватно во јавноста.

За да го постигнат тоа учениците мора

  • да можат сопствените политички мислења адекватно и самоуверено да ги изразат и да совладаат различни форми на дијалог;
  • да учествуваат во јавниот живот и да можат политички да делуваат  (да располагаат со говорни комуникациски вештини како објаснување на сопствениот став, да учествуваат во дискусија, да водат или да модерираат дискусија, да познаваат писмени техники на презентација и визуелизација на плакати, ѕидни весници; да располагаат со искуства со протоколите на седница, писма од читатели итн.);
  • да ги познаваат сопствените можности за политичко влијание, да можат да состават тим и заедно да соработуваат;
  • да наложат свои правила, но и да можат да прифатат компромиси;
  • да можат да ги препознаат антидемократските мисли и тенденции и адекватно да реагираатна нив;
  • во интеркултурен контекст да можат адекватно и природно да се однесуваат.