ТЕМА 7: Одделенски весник

Living Democracy » Textbooks » ТЕМА 7: Одделенски весник

 Разбирање на медиумите преку создавање медиуми

ID_5599

Насекаде низ светот, присутноста и влијанието на медиумите се зголемила во последните неколку години. Колку нашите животи стануваат покомплексни и меѓузависни, толку повеќе ние се потпираме на информациите за да ги разбереме влијанијата и случувањата кои влијаат врз нас. За било кој дел од информацијата, во врска со прашања над нашиот домен на лично разбирање и моментната перцепција, ние мораме да се потпреме на информации од медиумите.

Како и да е, индивидуалниот пристап до различните медиуми, широко варира. Ова влијае на личното ниво на информација и неговиот потенцијал за вежбање на влијанието и моќта. Понатамошен важен аспект е прашањето за цензура и проблемот на дезинформација од партии, влади и моќни лоби групи. Конфликтите, вклучувајќи социјални промени или војна, ги зголемуваат монополизираните и извртените информации.

Иако овие меѓурелации, да именуваме некои, нема да бидат експлицитно обработени на овој час за медиумите, учениците ќе откријат елементи од нив кога ќе ги споредуваат печатените медиуми од нивната земја или регион и ги оценуваат според конкретни критериуми.

Приодот кон медиумско образование на овој час е различен. Со правење на сопствен ѕиден весник, учениците ќе стекнат одредено искуство за издавањето на весник и според тоа ќе научат нешто за реалноста на медиумот „од внатре“. Образовното искуство покажало дека овој приод им дава на учениците форма на директен пристап до печатените медиуми што е подалечен од нивните секојдневни животи. Учениците ќе го гледаат овој тип на медиум критички и, исто така, ќе ги оценуваат електронските медиуми и нивното влијание врз овие различни видови медиуми, од една нова перспектива. Тие ќе развијат медиумска писменост. Конечно, еден практичен совет: овој час, посебно, бара и нуди потенцијал за меѓупредметно предавање и соработување. Пишувањето и ревидирањето на текстови може да земе место како дел од предавањата по јазици, додека дизајнирањето на нацртот може да биде задача на часот по ликовна уметност. Во некои случаи, одделението може да започне самостојно, со дополнително учество од страна на уреднички тим на ученици кои се посебно заинтересирани.

Ѕидниот весник може да биде презентиран во училишниот живот одредено време, пред другите наставници да бидат доволно убедени во неговата вредност за да се придружат.

Учење за образование за демократско граѓанство и човекови права

Медиумската писменост е еден од клучевите за севкупната цел на човековите права и граѓанското образование – активен граѓанин кој зема учество. Тука е прегледот на најважните аспекти од медиумската писменост:

  1. Способноста за комуницирање се однесува на општиот начин со кој човековите суштества заедно се поврзуваат. Социјалната реалност не постои како таква. Поточно, тоа е заеднички дефинирано од луѓето преку социјална интеракција, што значи дека е креирано со чинот на комуницирање. Оваа општа комуникациска способност започнува со изучувањето на нашиот мајчин јазик и понатаму се развива со користење на оваа компетентност.
  2. Секое човечко суштество има комуникациска способност од самото раѓање. Ние сме дарувани со оваа способност од природата, но таа треба да биде образувана, практикувана и усовршувана.
  3. Медиумската писменост е вклучена во концептот на комуникациска способност. Се однесува на комплексното мноштво на медиуми, користа од потребите кои треба да бидат научени и практикувани преку, на пример, задача за учениците. Печатените медиуми, вклучувајќи го и ѕидниот весник, се важни средства за секојдневна комуникација, со кои учениците треба да бидат запознати. Како и да е, тие се само еден елемент во целокупната медиумска писменост.

 

Тема 7: Одделенски весник

Разбирање на медиумите преку создавање на медиуми

Наслов на часот Цели на учењето Задачи за учениците Материјали Метод

Час 1:

Весниците околу нас

Учениците се запознаваат со различни печатени медиуми. Тие ги разбираат разликите во содржинската структура. Учениците собираат и анализираат весници и списанија што вообичаено се читаат во нивните заедници.
Тие прават постер, за забележување на резултатите.
Весници, ножици, лепило, големи листови хартија. Групна работа.

Час 2:

Нашиот весник е најдобар … зарем не се согласувате?

Учениците ги разјаснуваат критериумите за добар весник или списание. Тие стануваат свесни за нивното гледиште, вредности и интереси. Учениците ги оценуваат презентациите од другите групи и се согласуваат на компромис. Презентациите се подготвени на претходниот час. Матрица на училишна табла или флип чарт. Групни презентации, пленарни дискусии и оценување.

Час 3:

Ние го правиме нашиот ѕиден весник

Во групи, учениците се согласуваат за опсегот на темите и целите. Тие соработуваат во групата, споделувајќи ги идеите и способностите со тимот. Учениците одлучуваат за структурата на нивниот заеднички направен весник.
Идентификуваат теми кои се значајни за нивното училиште и пишуваат статија за нивниот дел од ѕидниот весник.
Во зависност од достапните материјални ресурси, резултатите ќе варираат од рачно пишуван текст до компјутерски отпечатоци со диги- тални фотографии. Носење заеднички одлуки, групна работа.

Час 4:

Нашето прво издание!

Во отворена дискусија, учениците разбираат, што е вклучено за продолжување на проектот за ѕиден весник. Тие се способни да донесат одлука и да преземат одговорност. Учениците мораат да формираат мислења и да одлучат за нивната идна вклученост во понатамошниот проект. Училишна табла или флип чарт.. Пленарна дискусија.