Дел 3 – Методи на образованието за демократско граѓанство(ОДГ) и човекови права (ОЧП)

Living Democracy » Textbooks » Дел 3 – Методи на образованието за демократско граѓанство(ОДГ) и човекови права (ОЧП)

Во образованието за демократско граѓанство и човекови права, мора како наставник (исто како и во другите предмети) да се рефлектираат целите, и да се сфати зошто тој ги избрал нив и кои приоритети сака да ги постави. Мора да се размисли што треба учениците да научат и за што тоа треба да служи. Доколку тие треба да учат како како граѓани можат да учествуваат во нивната демократска заедница, тие се разбира мора да усвојат политички компетенции за анализа и расудување за односот со политичките прашања, компетенции за учество во политичките процеси на одлучување како и репертоар од методски вештини. Но ова успева само доколку тие можат да учат самостојно и самоопределено. Притоа тие имаат потреба од поддршка. Ова истото важи и за наставната професија. Секој специјалист применува негови сопствени методи. Ние овде претставуваме неколку методи за наставниците и неколку методи за учениците, кои особено одговараат за наставата по ОДГ/ОЧП и придонесуваат за независноста на индивидуата – според тоа тие се рангираат многу високо во вредноста во контекст на ОДГ/ОЧП.