3.3 Како наставниците можат да им посредуваат компетенции на учениците? Моделот на компетенции и перформанс

Living Democracy » Textbooks » 3.3 Како наставниците можат да им посредуваат компетенции на учениците? Моделот на компетенции и перформанс

Компетенциите се однесуваат на способностите и потенцијалите, кои  се кријат „во нас“и со тоа се „невидливи“. Како сега наставниците можат да откријат со кои компетенции нивните ученици располагаат?

Еден модел кој беше развиен од познатиот лингвист Ноам Чомски, во еден друг научен контекст, но со оглед на споредливата положба на проблемот, ни помага во овој поглед. Чомски ја опиша јазичната компетенција на нативните говорници (т.е. при усвојувањето на првиот јазик) како што следи: Нативните говорници произведуваат и разбираат постојано реченици кои претходно никогаш не ги изговориле или слушнале. Ние навистина не можеме да ја „видиме“ јазичната компетенција, но ние го восприемаме јазичниот перформанс на говорителот и оттука мора да прифатиме дека тој т.е. таа располага со компетенцијата усно да комуницира на едно такво ниво.

Компетенција без видлив перформанс не постои, а исто и обратно важи дека перформансот т.е одредено дејство без компетенција не е возможно. Наставниците го оценуваат развојот на компетенциите на нивните учениците врз основа на нивниот перформанс т.е. врз основа на нивната способност за дејствување. Учењето ориентирано кон дејствување им овозможува на учениците да ги разработат и да ги документираат компетенциите, а на наставниците овој концепт им дозволува да го оценат успехот и потребите за учење на нивните учениците. Ова се разбира не важи само за ОДГ/ОЧП, туку и за целокупното поучување и учење.