Метод 2: Кооперативно учење

Living Democracy » Textbooks » Метод 2: Кооперативно учење

Кај кооперативното учење не се работи само за тоа, учениците да се остават да работат во групи – со надеж дека работата тогаш некако ќе се изврши. Во фокусот се повеќе процеси на учење, кои од една страна ги потпомагаат социјалните компетенции, но воедно се стремат децидно на производот и збогатување на знаењето.

Предуслов за успешна настава според кооперативниот модел е јасна поделба на улогите. Притоа се разделуваат формалните задачи кои гарантираат изедначување на сите членови на групата, што пак го зголемува успехот на учење. Сепак е јасно дека сите задачи не се соодветни за оваа наставна форма, која пак не треба да биде погрешно сфатена како конкуренција на силно управуваните наставни модели од наставниците. Исто и кај коопертивното учење, наставникот игра важна улога. Како што многубројни споредби на одделенијата покажаа, успехот на кооперативното учење зависи од низа основни елементи и имплементирањето на некои централни чекори. Во пракса се докажала следната постапка:

Кооперативно учење: Како се организираат групи

1. Се прават групи од четири до шест ученици.

2. На секое лице внатре во групата му е доделена една (евентуално две) од следните улоги:

Модератор: Ова лице се грижи за тоа сите членови да ја разберат задачата; покрај тоа, тоа е и говорникот на групата.

Известувач: Ова лице е одговорно за презентацијата или за крајниот производ.

Одговорен за материјали: Ова лице се грижи за тоа, да го има на располагање потребниот материјал и тој на крајот повторно да се среди.

Планер: Ова лице се грижи за тоа групата добро да го распредели времето и да се придржува на тајмингот.

Медијатор: Ова лице решава евентуални проблеми внатре во групата.

3. Правила:

a. Одредени членови на групата имаат специјални задачи/улоги, но секој член е одговорен за целокупниот процес и резултатите на групата.

b. Пред да му биде поставено прашање на наставникот или на одговорниот за проектот, групата мора да се договори за тоа, како прашањето треба точно да гласи. За тоа кои прашања ќе се постават, одлучува целата група колективно; за време на групниот процес не се поставуваат индивидуални прашања.

c. Секоја група е одговорна за нејзината презентација. Секој член на групата е надлежен за одговарање на прашањата за презентацијата или за производот.

Наставниците кои често ја користат оваа форма на групна работа, се на мислење дека има смисла доколку учениците за подолг времески период ги задржат нивните улоги. Тоа им дава поголема сигурност, го забрзува процестот на учење и го подобрува постигнувањето на групата.