1. Пребарување во библиотека

Living Democracy » Textbooks » 1. Пребарување во библиотека

Во библиотеките ќе најдете голем број на инфорамции кои ви се потребни кога правите истражување. За да можете да ги користите тие информации, треба да знаете како да ги одберете најважните делови. Следната листа може да ви помогне за да пронајдете информации.

1. Која е мојата цел?

  • Што сакам да направам? Како треба да изгледа крајниот производ? Дали треба да е презентација? Извештај? Постер?
  • Треба да погледнете различни информации според она што е цел на вашата работа. За да направите постер, мора да најдете слики кои ќе можете да ги исечете; за извештај, треба да најдете точна информација во врска со темата.

2. Каква информација ми е потребна?

  • Запишете сè што е потребно да знаете за темата (зборовна мапа може да ви помогне во ова).
  • Запишете сè што би сакале да знаете за темата (нагласете кои ви се најважните поими на зборовната мапа). Прецизно дефинирајте за кој аспект од темата сакате да научите повеќе. Во зависнот од тоа која ви е крајната цел, ќе дефинирате колку клучни информации ви се потребни- повеќе или помалку.

3. Како да најдам информации и како да ги организирам?

  • Разгледајте низ книги, списанија, филмови итн., кои ги најдовте во библиотеката и видете дали тие можат да ви помогнат за да одговорите на прашањата кои си ги имате поставено. Разгледувањето низ содржината може да ви помогне.
  • На посебен лист хартија, запишете ги насловите на книгите и страниците во книгата каде ги најдовте информациите. Исто така можете да ја означите страната со лепенка.
  • Можете и да ја ископирате страната. Сепак не заборавајте да го запишете насловот на книгата.
  • Разгледајте ги сликите во списанијата. Копирајте ги или означете ги со лепенка.
  • Ако користите филм, изгледајте го и паузирајте секогаш кога ќе наидете на нешто интересно.
  • Соберете ги материјалите и ставете ги сите заедно во пластична папка.
  • Подвлечете ги најважните информации.
  • Со свои зборови, запишете ги најважните информации за темата на лист хартија.

4. Како да ја презентирам информацијата?

Можете, на пример:

  • Да направите постер;
  • Да направите изложба;
  • Да одржите говор;
  • Да направите фолија за проекција;
  • Да напишете натпис за весник;
  • Да прикажете видео клипови.

5. Како да го оценам моето истражување?

  • Дали научи нешто ново?
  • Дали најде доволно корисни информации?
  • Кои постапки во истражувањето беа добри? Што беше тешко?
  • Што би направил/а поинаку следниот пат?