Материјал за наставници 6.1: Илустрација на моделот на политички циклус – како да го намалиме бројот на сообраќајни незгоди?

Living Democracy » Textbooks » Материјал за наставници 6.1: Илустрација на моделот на политички циклус – како да го намалиме бројот на сообраќајни незгоди?
Концепти и клучни прашања Белешки

0. Тема

Што е проблемот?

Како да го намалиме бројот на сообраќајни незгоди?

1. Проблем

Кој ја прави агендата?

Кој е проблемот?

Дали сите протагонисти се согласуваат за дефиницијата на проблемот?

Министер за внатрешни работи: Млади возачи – неискусни, невнимателни. Машки од сите возрасти – премногу алкохол.

Клуб на мотористи: повеќе автомобили на патиштата; данокот не се користи за подобрување на патиштата.

Енвиронменталисти: Емисиите на COсе зголемуваат, се трошат и поскапуваат изворите на навта – поддршка за алтернативите на транспорт.

2. Дебата

Кој е вклучен?

Кои се интересите и вредностите на протагонистите?

Секој се согласува за намалувањето на сообраќајните незгоди. Но има различни цели и интереси во дебатата:

Министерот сака да стави притисок на невнимателните возачи.

Мотористите сакаат подобри услови за возење.

Енвиронменталистите се грижат за глобалното затоплување.

3. Одлука

Кој е резултатот?

Дали одредени интереси имаат приоритет – или е компромисна одлука?

Владата решава да спроведе две измени:

Повисоки казни за пребрзо возење, пониски дозволени нивоа на алкохол, повеќе сообраќајна контрола.

Автопатите со четири ленти ќе бидат стандардни за пет години.

4. Имплементација

Како се имплементира одлуката?

Кој е вклучен или одговорен?

Дали има проблеми или конфликти?

Повеќе сообраќајни контроли, посебно навечер и за викенд.

Проширувањето на автопатите е закажано, првите патишта се градат.

5. Мислења

Кои индивидуалци,протагонисти, групи, итн. го поддржуваат или критикуваат резултатот?

Кои се нивните вредности, идеологии и интереси?

Мотористите ја пофалуваат изградбата, ги осудуваат контролите (повеќе казни – повеќе фондови?)

Енвиронменталистите се длабоко разочарани. Демонстрации во главниот град. Дискусија: да се основа нова зелена партија?

6. Реакции

Како тие реагираат? (индивидуално, колективно)

Кои се нивните начини на практикување моќ и притисок?

Енвиронменталистите имаат демонстрации во главниот град. Дискусија :да се основа нова зелена партија?

Возачите на камиони се жалат за застои на патиштата.

Министерот известува дека несреќите се намалиле за 15% за 12 месеци – што значи дека политиката е успешна.

7. Нов проблем

Или завршеток на политиката

Дали почнува нова дебата за правење на политичката агенда?

Дали е стариот проблем или нов за кој се дискутира?

Или дали одлуката довела до решение кое го завршува процесот?

Министерот: не треба да се прават нови чекори. Го гледаме развојот и ќе дискутираме повторно за 12 месеци.

Енвиронменталисти: алармантна состојба на емисијата на стакленички гасови.

Жалби од производителите на пиво: продажбите намалени за 10%. Работите се во прашање.

Индустријата бара забрзување на градбата на автопати.