12. Учество во дебати

Living Democracy » Textbooks » 12. Учество во дебати

Дебатата може да ви помогне да осознаете разни аспекти за една тема и да ги разберите предностите и слабостите на контроверзни теми. За да одржите дебата, треба да постои некое контроверзно прашање на кое може да биде одговорено со да или не. Во демократијата, секогаш постои повеќе од еден одговор или повеќе од едно мислење.

Две мислења-дебата

Еве како се прави тоа:

  • Поделете го класот на две групи. Една група се залага “за” (во корист на) прашањето, а другата група “против” прашањето.
  • Секоја група треба да најде соодветни аргументи6 за да го поддржи својот став. Исто така треба да најдат аргументи кои се против ставовите на другата група.
  • Запишете ги своите аргументи со помош на клучни термини.
  • Секоја група назначува двајца говорници за секоја група.
  • Дебатата се организира во три дела: првата-воведна сесија, отворена дебата, и завршна сесија.
    • Воведна сесија: Секој говорител накратко го објаснува нејзиниот/неговиот аргумент. Групите “за” и “против” ги претставуваат своите гледишта по ред.
    • Дебата: говорителите ги презентираат своите аргументи и се обидуваат да ги оспорат идеите на нивните опоненти.
    • Завршна сесија: оваа сесија го има истиот тек како воведната сесија. Секој учесник има можност да даде завршен коментар за своето гледиште.

Ученик одговорен за мерење на време

Одберете некој од одделението кој ќе биде одговорен да го мери времето за време на дебатата.

  • Воведната сесија не треба да трае повеќе од 8 минути (секој учесник може да зборува само по две минути).
  • Дебатата не смее да трае повеќе од 6 минути.
  • Завршната сесија не треба да трае повеќе од 4 минути (по една минута на учесник).
  • Ако некој го пречекори времето, тоа ќе се сигнализира со ѕвонче.

Набљудувачи

Учениците кои нема да учествуваат во дебатата набљудуваат што се случува. После дебатата, тие ги кажуваат своите забелешки за она што го набљудуваа, со помош на овие забелешки:

  • Кои аргументи беа презентирани?
  • Кој што ќе имплементира и како?
  • Дали секој говорител можеше да зборува слободно или беше прекинуван?
  • Како различни говорители се обидуваа да ја пренесат нивната порака на публиката?
  • Кои аргументи беа убедувачки?
  • Кои примери за издржани аргументи беа изнесени?
  • Кои зборови беа најчесто употребувани?
  • Како зборуваа говорителите (говор на тело, дали беа доволно гласни, со наставки)?

Сложувалка на девет клучни концепти

 

6. Аргумент: исказ кој е формулиран да поддржи одредена теза.