6.2 Суштинското во основните концепти

Living Democracy » Textbooks » 6.2 Суштинското во основните концепти

Во следниот пасус се разјаснуваат накратко суштинските аспекти на деветте основни концепти на актуелните ОДГ/ОЧП материјали и се укажува на значењето за ОДГ/ОЧП на микро и на макро рамниште (училиште и политичка заедница).

6.2.1 Идентитет

Човековите права како природни права, му придаваат важност на индивидуата. Секој човек поседува човечко достоинство и има право на живот во слобода и без дискриминација. Државата ѝ служи на индивидуата, а не обратно. Личните слободи ѝ го овозможуваат на индивидуата правото да ја развие својата сопствена личност. Во нив припаѓаат исто така и најважните животни решенија како вредностите, изборот на партнер и професија и желбата за деца. Во едно модерно секуларно општество овие слободи претставуваат дотолку поголеми предизвици при што како последица се стеснува значењето на врските и традициите (семејство, религија итн.), така што ние мора сѐ повеќе да носиме индивидуални решенија. Овие решенија имаат делумно последици за луѓето кои не опкружуваат, што од нас бара свесност за одговорноста и обѕир. Во училишната заедница учениците си дозволуваат едни со други да учествуваат во нивните искуства и да работат на животните решенија, кои сите млади луѓе мора да ги донесат, во поглед на натамошното школување и професионалната кариера.

Концептот „идентитет“ е тесно поврзан со концептите разноликост и плурализам, слобода, рамноправност и одговорност.

6.2.2 Разновидност и плурализам

Модерните општества се плуралистички општества. Кога индивидуите кои живеат во нив ги практикуваат нивните основни слободи тоа автоматски води до плурализам – до многубројност од индивидуални идентитети со различни животни планови, приоритети и интереси кои соодветно на околностите или ќе овозможат ресурси од расположливите материјали или ќе ги намалат. Разноликоста се шири на разликите во однос на полот, етничкото потекло, погледот на општеството, возраста, типот на учење, религијата, конфесијата и вредностите. Плуралистичките општества претставуваат предизвик: Кој спектар во структурата на вредности можат членовите на една заедница и заедницата како целина уште да го прифатат (овде се зборува за дилемата на слободата и стабилноста)? Истото важи и за училиштето каде децата треба да научат, приодот кон многустраноста и плурализмот да го сфатат како поттик – поттик кој мора да биде совладан, кој што не нуди само шанси, туку носи и проблеми и ризици.

Концептот „разновидност и плурализам “ е тесно поврзан со концептите идентитет, држава и политика, слобода, конфликт и одговорност.

6.2.3 Одговорност

Сите луѓе имаат право на слобода и затоа мора да ги прифатат и сите одредени ограничувања на овие права. Тоа започнува на пример со тоа што на секој ученик и на секоја ученичка му/ѝ припаѓа еднакво распределено време за зборување и внимание. Во општествата кои се базирани на слободна пазарна економија нееднаквото распределување на приходот и благосостојбата води до нееднакво распределување на шансите, забележување и практикување на слободите. Во една демократија мора системот на мнозинство да се погрижи за порамнување, кое ќе ги штити интересите на малцинствата, за да се загарантира социјалната кохезија.

Правата на слободите и рамноправноста тешко можат да се донесат во хармонија. Една можност овие два концепта да се усогласат еден со друг, се состои во тоа едниот да направи нешто за личната одговорност; другиот повеќе да се залага за обврзувачките политички и законски  уредби. И двата пата се неопходни, и двата имаат нивни граници. Законите не можат да го регулираат секој аспект од секојдневниот живот и не може ниту да се направи, ниту пак е пожелно државната власт потполно да го набљудува и контролира нашиот живот. Едно општество базирано на човекови права мора неопходно да се постави на нашата подготвеност и способност да се преземе одговорност за сопственото дејствување и за потребите на луѓето кои не опкружуваат.

Копнцептот „одговорност” е тесно поврзан со концептите слобода, рамноправност, идентитет, правила и закони, како и конфликт.

6.2.4 Конфликт

Различните мислења, конкурентните потреби и интереси, како и конфликтите се дел од човековиот живот особено во плуралистички општества. Многу луѓе ги чувствуваат конфликтите како нешто заканувачко, кое му стои на патот на хармонијата и затоа тие мора да бидат избегнати или потиснати. Конфликтите сами по себе сепак не се негативни – негативни се само одредени начини на однесување во однос и  во контекст на конфликтите. Во ОДГ/ОЧП учениците треба да научат дека внатре во една референтна рамка на процедурални правила, кои се донесени од една политичка култура на обострано внимание, има доволно простор за различни мислења и расправи. Индивидуите и групите можат и треба да ги артикулираат нивните интереси за да се уверат дека тие ќе бидат земени во предвид. За дискусии и преговори кои произлегуваат од тоа треба сепак сите страни да бидат подготвени да се соочат едни со други, со разбирање и отвореност и да се впуштат во компромис. Без оваа дијалектика т.е. без конструктивен став и кон туѓите интереси, тешко се постигнува консензус.

Во основа секој конфликт за распределбата на ресурси кој е редуциран на една сума или број се решава со компромис. Од друга страна кај конфликтите за идеологии, вредности или етнички интереси невозможен е едноставен компромис. Овде често се потребни долги дискусии исполнети со толеранција и обострана благонаклоност. За демократско разбирање на граѓанството неизбежен предуслов е култура на цивилизирани, ненасилни решавања на конфликти, кои се базирани на обострано внимание. Конфликти настануваат во училиштето како и на другите работни места или во другите заедници. За учениците тие нудат можност да научат како конструктивно да се справат со нив и дека не треба да се плашат од нив.

Концептот „конфликт” е тесно поврзан со концептите разноликост и плурализам, држава и политика, правила и закони, како и одговорност.

6.2.5 Правила и закони

Законите ги формираат формалните институционални референтни рамки во демократски општества, базирани на човековите права. Во принцип сите мора да се придржуваат на законите бидејќи тие се донесени со одлука на мнозинството. Ова по правило се случува во рамките на парламентарни гласања, кои ги отсликуваат односите на силите постигнати на последните парламентарни избори. Законите би требало да ги рефлектираат и штитат човековите права и да ги одредат процедуралните правила за решавање на конфликти и за политички процеси за изнаоѓање на решенија. Правилата ја следат истата цел, но се создадени од други органи. Треба да се надополни дека постојат како пишани, така и непишани правила и норми (културно-специфични стандарди итн.)

Од нас навистина се очекува да се придржуваме на законите, но што се случува доколку еден закон го чувствуваме за нефер или неправеден? Има многу случаи на социјални и правни реформи кои што се иницирани преку граѓанска непослушност: Поединечни граѓани свесно не го почитуваат законот за да протестираат против нештото, кое го сметаат за нефер или за повреда на човековите права и за да со тоа иницираат дискурс и промена на законите. Исто и за такви случаи може и треба да се разговара барем во секундарното образование.

Во прв ред,учениците мора да ја научат и признаат дијалектиката помеѓу правата за слобода од една страна и заштитата и ограничувањето на овие права преку институционални референтни рамки од друга страна. Без една таква референтна рамка од слободата би станала анархија, а тоа повторно како последица би можело лесно да доведе до тиранија. Учениците самите го искусуваат овој принцип преку учење ориентирано кон дејства во училиштето: Јасните цели, поставувањето на задачите и правилата не ја ограничуваат нивната креативност, туку во спротивност им го израмнуваат патот до слободата и креативноста. – Секако дека учениците може и треба исто така да се вклучат во дискусијата и прилагодувањето на училишните правила кои според нивното мислење се во противречност со вредностите на демократијата и човековите права.

Концептот „правила и закони“ е тесно поврзан со концептите конфликт, слобода и рамноправност.

6.2.6 Држава и политика

Во ОДГ/ОЧП основниот концепт „политика“ се фокусира на аспектот на процесот на решавање на конфликти и проблеми. Поимот „држава“ го покрива институционалниот аспект на политичкиот поим, значи политичкото изнаоѓање на решенија внатре во институционалните референтни рамки. Едно демократско дизајнирање на училиштето им нуди на учениците можност да научат како може да се влијае и содизајнира процесот на изнаоѓање решенија,  за да се управува една заедница и да се дефинираат нејзините цели. Моделот на политички циклус (види горе, дел 1, наставна тема 1) може да се употребува кај процесите за изнаоѓање на решенија како на микро така и на макро рамниште, т.е. како во однос на училишната заедница, така и на политичката заедница (на регионално или национално рамниште) како целина. При надзорот на политичките носители на решенија, но и при дизајнирањето на политичката агенда одлучувачка улога играат медиумите. Истото важи и за училиштата, како што покажува наставната тема медиуми во трите нивоспецифични прирачници (книги II-IV).

Како концептуален пар државата и политиката се однесуваат на различни сфери на процесот на изнаоѓање решенија. Додека кај поимот „држава“ е нагласена хиерархиската, институционилизираната димензија, поимот „политика“ опфаќа неформална димензија. Тој во оваа смилсла не само што е поопсежен, туку располага и со помалку правила за тековите на постапката. Овој неформален секундарен аспект на политиката е важен за ефикасноста на институционалниот систем. Во училиштето како и во политиката институциите не можат да ги уредат сите проблеми и прашања и затоа им се советува граѓаните меѓучовечките расправи и конфликти делумно да ги решаваат и сами.

Концептот „држава и политика“ е тесно поврзан со концептите конфликт, правила и закони, одговорност и медиуми.

6.2.7 и 6.2.8 Рамноправност и слобода

Овие два концепта овде заеднички се разработуваат и тоа од две причини:

Прво, почитувањето на човековото достоинство е централно човеково право. Двата принципа на рамноправност на кои човековото достоинство во правен аспект е базирано се рамноправноста (недискриминацијата) и слободата (која се искусува преку граѓанските и политичките права).

Достоинството на човекот е загрозено преку дискриминација и преку заробеништво. Двете први генерации на човековите права се фокусираа на правото на слобода и на правото на еднаква распределба и шанси.

Второ, под околности настанува тензија помеѓу слободата и рамноправноста. На пример правото на слободно изразување на мислењето значи дека еден ученик или една ученичка треба да добие можност да го изрази личното мислење во одделението. Од друга страна еднаквоста на шансите бара времето на зборување помеѓу сите ученици да биде фер и рамноправно распределено. За поединечен ученик под околности тоа може да значи дека нему на располагање му стојат само една или две минути пред тој да мора да му даде збор на друг. Правото на слободно изразување на мислењето на индивидуата значи мора неизбежно да биде ограничено, за сите да ја добијат истата шанса за учество во дебатата. Во колкава мера поединечни ученици ќе страдаат од таквото ограничување зависи од тоа, колку добро тие умеат кратко и јасно да се изразат. Затоа учениците во ОДГ/ОЧП мораат да равијат компетенции кои ќе им помогнат да го држат во рамнотежа правото на слободно изразување на мислењето и правото на исти шанси. Кон овие компетенции припаѓаат способностите за аргументирање, добро разбирање на темата на дискусија и признавање на референтна рамка од правила која воспоставува рамнотежа помеѓу слободата и рамноправноста.

Учениците мора да научат да ги практикуваат нивните права на слобода како на пр. правото на слободно мислење, на слободно изразување на мислењето и на слободен пристап до информации. Тие исто така мора да научат да се бранат од дискриминација како самите себеси, така и другите лица. Наставникот треба да биде свесен дека нееднаквите услови и шанси за учење можат да бидат условени преку разликите во однос на приходите и образованието на родителите, културната заднина или етничкото потекло. Училишето и општеството навистина не можат  да гарантираат рамномерна распределба, но треба да се залагаат за што е можно порамноправни стартни шанси (постулат за еднаквост или сличност на шансите). Во училиштето ова го става наставникот пред задача, оптимално да ги разгледа специфичните услови и потреби за учење на поединечните ученици. Рамноправност не значи дека сите треба исто да бидат третирани. Уште повеќе секој мора така да се третира, како што нему или нејзе најмногу би му/ѝ користело. Ова покажува што значи наставата „за“ човековите права во праксата.

Како и самата демократија концептите „слобода“ и „рамноправност“ се тесно поврзани со сите други основни концепти. Ниту еден аспект од ОДГ/ОЧП не може да се замисли без обработувањето на концептите слобода и рамноправност, кои се составен дел од човековото достоинство, а неретко се наоѓаат и во тензија.

6.2.9 Медиуми

Овој концепт се однесува на фактот и увидот што ние во нашето модерно општество го живееме во една медиумска култура. Медиумите станаа неопходни и за практикувањето на човековите права – да помислиме само на правото на слободно изразување на мислењето, на размената на информации, на пристапот до информации, на политичкото учество, на контролата на државното и политичкото изнаоѓање на решенија како и на дизајнирањето на политичката агенда. Колку покомплексни стануваат нашите општества и структурите на глобалната интеграција и колку ни се попотребни поддршката и упатството за разбирање на сегашните и идните предизвици, толку посилно се препуштаме на медиумите. Медиумите се предизвик – тие отвараат нови шанси и алати за комуникација и учество, но истовремено и за манипулација и злоупотреба.

Зад медиумите како правило стојат економски, политички или идеолошки интереси и во служба на овие интереси поединечни медиуми се обидуваат да ја добијат борбата за учество на пазарот и внимание. Притоа неретко се манипулира со информациите. За да можат сепак во извесна мера автономно да постапуваат со информацијата, учениците мораат– во рамките на понудите за учење кои се приспособени соодветно на возраста– рано да се стекнат со компетенции за критичко, самоуверено користење на медиумите.

Исто и во училишната заедница медиумите играат голема улога. Учениците сигурно се свесни дека медиумите за самите нив се позначајни, насекаде поприсутни и посекојдневни отколку што биле за нивните родители или баби и дедовци и отколку што честопати родителите и наставниците сакаат да признаат. Младите луѓе како правило имаат повеќе искуство во приодот со медиумите од нивните родители или наставници, при што понекогаш сепак постојат значајни дефицити во поглед на критички, не само консумативен пристап. –  Во ОДГ/ОЧП медиумската компетенција е клуч за учество и развој на компетенциите не само во областа на демократското воспитување и човековите права, туку со значење како суштинска компетенција исто и за широка палета на други области.

Основниот концепт „медиуми“ е тесно поврзан со концептите држава и политика, идентитет, слобода и одговорност.