Материјал за ученици 5.1: Подготовки за конференцијата за рамка на правила

Living Democracy » Textbooks » Материјал за ученици 5.1: Подготовки за конференцијата за рамка на правила

Распоред

Временска рамка Агенда Материјали и ресурси
Лекција 1 Создавање на групи.
Секоја група вклучува член од секое рибарско село.
Материјали 5.1, 5.2.
Лекција 1
Лекција 2
Групите прават предлог рамка на правила.
Групите ги подготвуваат презентациите.
Членовите на општеството ги усвојуваат правилата за процедурата и гласањето на конференцијата.
Материјал 5.2, 5.4.
Хартиени табли и маркери.
Лекција 3 Пленарен состанок:
Групите ги претставуваат предлозите.
Членовите на заедницата ги споредуваат и оценуваат предлог-правилата.
Членовите на заедницата дискутираат за која рамка да ја усвојат.
Материјал 5.3.
Лекција 4 Конференција:
Членовите на заедницата прават кратки промотивни говори за моделот кој го одбрале.
Тие ја применуваат рамката на правила со гласање на мнозинството.Размислување:
Учениците размислуваат за нивното искуство


Материјал 5.4.
Листови од бела А4 хартија, пенкала, маркери.

Зошто треба да ја играте играта на одлучување?

Методот кој е применет во распоредот погоре е игра на одлучување. Причината заради која е одбран овој метод е следната.

Играта функционира како модел. Ги прикажува важните аспекти на реалноста и ги покажува јасно бидејќи изостава многу други детали. Сите држави имаат некаков вид на основна рамка, или устав кој ги поставува правилата за донесување одлуки и решавање конфликти. Без ваквата рамка, членовите на заедницата ќе немаат поддршка за решавањето на нивните конфликти и ќе се впуштат во насилство.

Кога учествувате во демократијата, вие ги практикувате правата кои ви ги дал уставот на вашата држава. Најдобриот начин да се разбере како рамката на правила и закони функционира во вашата земја е самите вие да создадете рамка. Оваа игра на одлучување ја дава таа задача.