Метод 11: Планирање и држење на предавање

Living Democracy » Textbooks » Метод 11: Планирање и држење на предавање

Предавања можеш да држиш пред твиоте соученици, пред другите ученици од твоето училиште, пред родителите или пред поширока публика. Важно е добро да го подготвиш предавањето. Прашањата од следната чек-листа можат да ти помогнат во тоа.

Планирање на предавање

1. Која е мојата публика?
  • Пред која публика ќе држиш/ќе го држите предавањето?
  • Каде ќе го држиш/ќе го држите предавањето?
2. Кој ќе го држи предавањето?
  • Дали предавањето ќе го држиш сам или во група?
  • Како е организирана групата, кој за што е надлежен (направете една листа за тоа!)?
3. Што е целта на предавањето?
  • Што треба публиката да сознае и научи од твоето предавање?
  • Дали публиката треба да даде повратни информации?
4. Што сакаш да кажеш?
  • Размисли три до шест точки на темата кои што се важни за твојата/вашата главна тема и секоја точка запиши ја на посебен лист хартија.
  • Забележи потоа на секој лист по неколку клучни зборови за секоја точка од темата.
5. Колку време ти/ви стои на располагање?
  • Треба ли да испланираш време за прашања од публиката?
  • Треба ли на крајот да испланираш време за повратни информации од публиката?
6. Кои ресурси ти/ви стојат на располагање?
  • табла/бела табла?
  • графоскоп?
  • компјутер или видео бим за презентација со Power Point или некоја слична програма?
  • постер (флипчарт)?
  • опрема за плеј бек за тонските снимки?
7. Како можеш/те да ја вклучиш/те твојата/вашата публика?
  • Дајте им доволно време за прашања.
  • Нека решат интелектуални задачи или квиз.
  • Нека кружат предмети за да се направи содржината поилустративна и поразбирлива.

Држење на предавање

Предавањето вообичаено е поделено на следните делови: вовед, главен дел, заклучок или резимирање. Следните идеи можат да ти/ви помогнат во дизајнирањето на твоето/вашето предавање.

1. Вовед
  • Започни со возбудлив или изненадувачки цитат, слика или предмет за да ја привлечеш публиката.
  • Информирај ја публиката за темата и структурата на твоето предавање.
  • Претстави ја главната тема.
  • Објасни како е структурирано твоето предавање
2. Главен дел
  • Подреди ги подготвените листови или фолии со поединечните точки на темата и информациите по рационален редослед.
  • Организирај го твоето предавање со помош на овие точки на темата.
  • Секој пат кога ќе зборуваш за нова точка на темата или за ново потпоглавје тоа треба јасно да го најавиш. Тоа ѝ помага на публиката во разбирањето.
  • Воведи ја секоја нова точка од темата/секое ново потпоглавје со убедлива слика, предмет или аудио сигнал.
  • Размисли како сакаш да ги прикажеш сликите – дали ќе сакаш сликите да кружат на графоскоп или на компјутерска презентација или да ги претставиш на постер.
3. Заклучок/Резимирање
  • Резимирај што е за тебе најважно во темата.
  • Кажи што беше во твојата тема ново и интересно за тебе.
  • Кажи што научи.
  • Покажи за крај една слика.
  • Постави им на твоите соученици квиз прашања.
  • Испланирај време за прашања и повратна информација за предавањето.

Драгоцени упатства во овој методски пакет ќе најдеш исто и овде:

Метод 6: Изведување и презентирање на интервју и анкетирање.

Метод 12: PowerPoint презентација или подготвување на презентација со фолии за графоскоп.